Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 15:1-5

Давидова песна. 15  О Јехова, кој ќе биде гостин во твојот шатор?+ Кој ќе живее на твојата света гора?+   Оној што живее* беспрекорно*+ и постапува праведно+ и ја зборува вистината во своето срце.+   Тој не клевети со јазикот.+ Не му прави никакво зло на ближниот свој+ и не го срамоти пријателот свој.+   Неговите очи го отфрлаат оној што заслужува презир,+ а им укажуваат чест на оние што се бојат од Јехова.+ Својата заклетва не ја менува, дури и ако тоа е на негова штета.+   Своите пари не ги дава за камата+ и не зема поткуп против невиниот.+ Кој прави така, никогаш нема да се затетерави.+

Фусноти

Буквално: „оди“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.