Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 149:1-9

149  Фалете го Јах!+ Пејте му на Јехова нова песна,+ фалба негова на собирот на неговите лојални слуги!+   Нека му се радува Израел на својот Величествен Творец,+ синовите на Сион нека му се веселат на својот Цар!+   Нека го фалат неговото име со оро!+ На дајре и на харфа нека му свират!+   Зашто, Јехова му се радува на својот народ.+ Ги украсува кротките со спасение.+   Неговите лојални слуги нека се радуваат во славата, нека воскликнуваат радосно на своите постели!+   Од нивните грла нека се чујат песни што го величаат Бог,+ а мечот со две сечила нека биде во нивната рака+   за да извршат одмазда над народите+ и да ги казнат племињата,+   за да ги стават во синџири нивните цареви+ и во железни окови нивните славни луѓе,   за да ја извршат над нив запишаната пресуда.+ Таква чест им припаѓа на сите што му се лојални.+ Фалете го Јах!+

Фусноти