Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 147:1-20

147  Фалете го Јах,+ зашто е добро со песна да се слави нашиот Бог,+ прекрасно е — тој е достоен за фалба!+   Јехова го гради Ерусалим,+ ги собира расеаните Израелци.+   Ги лекува+ оние со скршено срце+ и им ги преврзува раните.+   Ги пребројува ѕвездите,+ сите ги вика по име.+   Нашиот Господар е голем и има голема моќ,+ на разумот* негов му нема мерка.+   Јехова им помага на кротките,+ а злите ги понижува доземи.+   Возвратете му на Јехова со благодарење,+ свирете му на харфа на нашиот Бог,+   на оној што го покрива небото со облаци+ и ѝ подготвува дожд на земјата,+ и дава да никне зелена трева по планините.+   На животните тој им дава храна,+ на младите гаврани кои кон него гракаат.+ 10  Тој не ужива во силата на коњот,+ ниту го радуваат брзите човечки нозе.+ 11  Јеховина радост се оние што се бојат од него,+ оние што ја чекаат неговата милост.*+ 12  Фали го Јехова,+ Ерусалиме! Фали го својот Бог, Сионе!+ 13  Зашто, тој ги зацврсти резињата на твојата порта, ги благослови твоите синови што се среде тебе.+ 14  Ѝ дава мир на целата твоја земја,+ те сити со најдобрата пченица.+ 15  Својата заповед ја испраќа на земјата,+ брзо трча неговата реч. 16  Дава снег како волна,+ и истура слана како пепел.+ 17  Мразот свој го фрла како залаци.+ Кој може да опстане на тоа Божје студенило?+ 18  Ја праќа својата реч+ и ги стопува. Дувнува со својот ветар,+ и потекуваат води. 19  Својата реч му ја кажува на Јаков,+ своите уредби+ и закони на Израел.+ 20  Не му направил така на ниту еден друг народ,+ и тие народи не ги познаваат неговите закони.+ Фалете го Јах!+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.