Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 145:1-21

Давидова фалба. א [алеф]* 145  Ќе те возвишувам, о Боже мој, Царе мој,+ и ќе го благословувам твоето име довека, во сета вечност.+ ב [бет]   Цел ден ќе те благословувам+ и ќе го фалам твоето име довека, во сета вечност.+ ג [гимел]   Велик е Јехова и достоен за најголемата фалба,+ и неговото величие е неистражливо.+ ד [далет]   Поколение по поколение ќе ги фали твоите дела+ и ќе раскажува за твоите големи дела.+ ה [хеј]   Ќе размислувам за славната убавина на твоето величество+ и за твоите чудесни дела.+ ו [вав]   Тие ќе раскажуваат колку се силни сите твои застрашувачки дела.+ За твоето величие ќе раскажувам.+ ז [заин]   Восхитено ќе раскажуваат за изобилството на твојата добрина+ и поради твојата праведност радосно ќе воскликнуваат.+ ח [хет]   Јехова е милостив и милосрден,+ бавен е на гнев и има голема милост.*+ ט [тет]   Јехова е добар кон сите+ и неговото милосрдие почива над сите негови суштества.+ י [јуд] 10  Сите твои дела ќе те фалат, Јехова,+ твоите лојални слуги ќе те благословуваат.+ כ [каф] 11  За славата на твоето царство ќе зборуваат+ и за твојата моќ ќе кажуваат,+ ל [ламед] 12  за да им ги објават на синовите човечки твоите големи дела+ и славата на твоето величествено царување.+ מ [мем] 13  Твоето царство е вечно царство+ и твојата власт трае низ сите поколенија.+ ס [самек] 14  Јехова ги придржува сите што паѓаат+ и ги исправа сите што се наведнати.+ ע [аин] 15  Очите на сите се вперени во тебе,+ и ти им даваш храна во право време.+ פ [пе] 16  Ти ја отвораш својата рака+ и ја задоволуваш желбата на сѐ што е живо.+ צ [цадик] 17  Јехова е праведен на сите свои патишта+ и лојален во сите свои дела.+ ק [куф] 18  Јехова е близу до сите што го повикуваат,+ до сите што го повикуваат во вистина.+ ר [реш] 19  Ќе им ја исполни желбата на оние што се бојат од него,+ ќе го чуе нивниот повик и ќе ги спаси.+ ש [шин] 20  Јехова ги чува сите што го сакаат,+ а сите зли ќе ги истреби.+ ת [тав] 21  Мојата уста ќе кажува фалби за Јехова;+ сѐ што е создадено нека го благословува неговото свето име довека, во сета вечност!+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.