Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 144:1-15

Давидов псалм. 144  Нека е благословен Јехова, мојата Карпа+ — кој ги учи моите раце на бој,+ моите прсти на војна —   мојот добротвор* и мојата тврдина,+ мојата сигурна тврдина на високо место и мојот избавител,+ мојот штит,+ моето прибежиште,+ оној што ми покорува народи!+   О Јехова, што е човекот за да му обрнуваш внимание,+ синот на смртниот човек+ за да се грижиш за него?   Човекот е како здив,+ деновите му се како сенка што поминува.+   О Јехова, свиткај ги небесата и слези,+ допри ги планините за да зачадат!+   Болсни со молња за да ги распрснеш,+ испрати ги своите стрели за да ги збуниш!+   Испружи ги рацете од висината,+ ослободи ме и избави ме од големите води,+ од рацете на туѓинците,+   чија уста зборува невистини+ и чија десница е лажлива десница!+   О Боже, ќе ти пеам нова песна.+ На инструмент со десет жици ќе ти свирам тебе,+ 10  кој им даваш спасение на цареви+ и го избавуваш Давид, својот слуга, од погубниот меч.+ 11  Ослободи ме и избави ме од рацете на туѓинците,+ чија уста зборува невистини+ и чија десница е лажлива десница.+ 12  Тие велат: „Нашите синови се како млади билки, созреани уште во својата младост,+ нашите ќерки — како аголни столбови, изделкани како во палати, 13  нашите амбари се полни, изобилуваат со секакви производи,+ нашите стада овци се намножија илјадници пати, десет илјади пати, по нашите места. 14  Нашите крави се стелни, и немаат никакво оштетување и ниту една не пометнува.+ Нема викотница на нашите плоштади.+ 15  Среќен е народот што го има ова!“ Среќен е народот чиј Бог е Јехова!+

Фусноти

Или: „мојата лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.