Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 143:1-12

Давидова песна. 143  О Јехова, чуј ја мојата молитва,+ ислушај ја мојата сесрдна молба!+ Во верноста своја услиши ме според својата праведност!+   Не води го својот слуга на суд,+ зашто никој жив не може да биде праведен пред тебе.+   Зашто, непријателот ја прогонува мојата душа,+ го фрли мојот живот на земја.+ Поради него живеам на мрачни места, како оние што одамна се мртви.+   Духот мој премале во мене,+ срцето ми замре во утробата.+   Се сеќавам на дамнешните дни,+ размислувам за сите твои дела,+ се интересирам за делото на твоите раце.+   Во молитва ги ширам рацете кон тебе,+ душата ми е како сува земја што жеднее по тебе.+ (Села)   Поитај, услиши ме, Јехова!+ Го снемува животот* во мене.+ Не свртувај го своето лице од мене,+ за да не станам како оние што слегуваат во јамата.+   Наутро објави ми ја својата милост,*+ зашто во тебе имам доверба.+ Покажи ми го патот по кој треба да одам,+ зашто кон тебе ја подигам душата.+   Избави ме од моите непријатели, Јехова!+ Кај тебе барам засолниште.+ 10  Научи ме да ја вршам твојата волја,+ зашто ти си мојот Бог.+ Твојот дух е добар,+ нека ме води низ земјата на справедливоста!+ 11  Поради името свое,+ Јехова, зачувај ми го животот!+ Во праведноста своја+ изведи ми ја душава од маката!+ 12  Во својата милост,* сотри* ги моите непријатели,+ погуби ги сите противници на мојата душа,+ зашто јас сум твој слуга.+

Фусноти

Буквално: „духот“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Буквално: „замолчи“.