Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 141:1-10

Давидова песна. 141  Те повикувам, Јехова.+ Поитај кон мене!+ Чуј го мојот глас кога те повикувам!+   Мојата молитва нека биде подготвена како темјан+ пред тебе,+ подигањето на моите раце — како вечерна житна жртва!+   Постави ми, Јехова, стража на устата,+ чувар на вратата од моите усни!+   Не дозволувај му на моето срце да се приклони кон нешто зло,+ па во злоба да правам срамотни дела+ заедно со луѓе што прават зло,+ и не дозволувај да јадам од нивните вкусни јадења!+   Ако ме удри праведник, тоа е милост,*+ ако ме укори, тоа е масло за мојата глава,+ и мојата глава нема да го одбие.+ Дури ќе се молам за него кога ќе се најде во неволја.+   Народните судии се фрлени од стрмна карпа,+ и тие ги чуја моите зборови, чуја колку се пријатни.+   Како што дрвата се растурени по земјата кога некој ги сече и ги цепи, така се расфрлени нашите коски врз устата на гробот.*+   Но моите очи се вперени во тебе,+ о Јехова, Севишен Господару.+ Ти си ми прибежиште.+ Не дозволувај мојата душа да ѝ биде предадена на смртта!+   Чувај ме да не се фатам во стапицата што ми ја поставија,+ чувај ме од замките на оние што прават зло!+ 10  Сите зли ќе паднат во мрежата што сами ја поставија,+ а јас ќе поминам безбедно покрај сето тоа.

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „шеолот“.