Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 140:1-13

На управителот. Давидова песна. 140  Избави ме, Јехова, од зли луѓе,+ зачувај ме од насилен човек,+   од оние што смислуваат пакости во своето срце,+ кои по цел ден започнуваат војни!+   Го наостриле јазикот како змија,+ отров на рогата лутица имаат под усните.+ (Села)   Чувај ме, Јехова, од рацете на злиот,+ зачувај ме од насилен човек,+ од оние што смислуваат како да ме сопнат!+   Оние што самите себеси се возвишуваат, тајно ми наместија стапица,+ покрај патот раширија јажиња како мрежа.+ Клопки ми поставија.+ (Села)   Му велам на Јехова: „Ти си мојот Бог.+ Слушни го, о Јехова, гласот на моите сесрдни молитви!“+   Јехова, Севишен Господару,+ сило на моето спасение,+ ја засолнуваш мојата глава во денот на војната.+   Немој, Јехова, да му ги исполниш желбите на злиот!+ Немој да ги поддржиш неговите сплетки, за да не се вообрази.+ (Села)   Главите на оние што ме опкружуваат+ нека ги покрие неволјата што ја спомнуваат нивните усни!+ 10  Вжарени јаглења  нека паднат врз нив!+ Нека паднат в оган,+ во јами со вода, та да не станат!+ 11  Нека не се утврди на земјата оној што се расфрла со зборови!*+ Зло нека го прогонува насилниот човек и нека го удира!+ 12  Знам дека Јехова ќе му даде+ право на страдалникот и правда на сиромасите.+ 13  Навистина, праведниците ќе му благодарат на твоето име,+ чесните ќе престојуваат пред твоето лице.+

Фусноти

Или: „клеветникот“.