Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 14:1-7

На управителот. Давидов псалм. 14  Безумникот си вели во срцето: „Не постои Јехова!“+ Тие прават зло,+ одвратни се нивните дела. Нема човек што прави добро.+   А Јехова ги гледа од небото синовите човечки.+ Јехова гледа за да види има ли некој што е разборит,* има ли некој што го бара него.+   Сите застранија,+ сите се расипани,+ нема човек што прави добро,+ нема ниту еден.+   Зар никој од оние што прават зло не научил ништо,+ ниту еден од оние што го јадат мојот народ како да е леб?+ Тие не го повикуваат Јехова.+   Тогаш* ги обзеде голем страв+ зашто Јехова е со поколението на праведникот.+   Вие сакате да ги срамотите намерите на страдалникот, зашто Јехова му е прибежиште.+   О, кога би дошло за Израел спасение од Сион!+ Тогаш кога Јехова ќе го врати својот заробен народ,+ нека се весели Јаков, нека се радува Израел!+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „Таму“.