Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 139:1-24

На управителот. Давидов псалм. Песна. 139  Јехова, ти проникна во мојата внатрешност и ме познаваш.+   Ти знаеш кога седнувам и кога станувам,+ оддалеку ми ги распознаваш мислите.+   Ти ме испитуваш кога одам и кога се одморам,+ и добро ги познаваш сите мои патишта.+   Зашто, уште не ми дошле зборовите на јазикот,+ а ти, Јехова, веќе сите ги знаеш.+   Одназад и однапред ме опколи и својата рака ја стави на мене.   Тоа знаење е премногу чудесно за мене,+ толку е високо што не можам да го сфатам.+   Каде да одам од твојот дух,+ каде да побегнам од твоето лице?+   Да се искачам и на небото, ти би бил таму,+ кога би го прострел во гробот* своето легло, гледај, ти би бил и таму.+   Кога би ги зел крилјата+ на зората за да се населам на најдалечното море,+ 10  и таму би ме водела твојата рака,+ твојата десница би ме држела.+ 11  Кога би рекол: „Брзо ќе ме покрие темнината“+ тогаш ноќта околу мене би се претворила во светлина.+ 12  Ниту темнината не би била претемна за тебе,+ туку ноќта би сјаела како ден,+ темнината би била како светлина.+ 13  Зашто, ти ги создаде моите бубрези,+ ме засолнуваше во утробата на мајка ми.+ 14  Те фалам, полн со страхопочит, зашто сум чудесно создаден.+ Твоите дела се чудесни,+ и мојата душа тоа добро го знае.+ 15  Моите коски не ти беа скриени+ додека бев создаван во тајност,+ додека ме ткаеше во најдлабоките длабочини+ на земјата. 16  Твоите очи ме видоа додека бев зародок,+ во твојата книга сите негови делови беа запишани — и деновите кога настануваа+ кога уште немаше ниту еден. 17  Колку ми се скапоцени твоите мисли!+ О Боже, колку е голем нивниот број!+ 18  Кога би сакал да ги бројам, би биле побројни од песокот.+ Се разбудив, а уште сум со тебе.+ 19  О Боже, кога би сакал да го убиеш злиот!+ Тогаш би се тргнале од мене луѓето што се виновни за крв,+ 20  кои го зборуваат за тебе она што самите го смислуваат,+ оние што недостојно го спомнуваат твоето име+ — твоите противници.+ 21  Зар да не ги мразам оние што тебе многу те мразат, Јехова?+ Зар да не ми се гади од оние што се бунат против тебе?+ 22  Со длабока омраза ги мразам.+ Тие се навистина мои непријатели.+ 23  Проникни во мојата внатрешност, о Боже, и запознај го срцето мое!+ Испитај ме и запознај ги немирните мисли мои,+ 24  и види има ли во мене нешто што ме наведува на лош пат,+ и води ме по патот+ вечен!

Фусноти

Буквално: „шеолот“.