Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 136:1-26

136  Благодарете му на Јехова, зашто е добар+ — зашто неговата милост* трае довека+   благодарете му на Богот над боговите+ — зашто неговата милост трае довека+   благодарете му на Господарот над господарите+ — зашто неговата милост трае довека+   на оној што и самиот прави големи чуда+ — зашто неговата милост трае довека+   на оној што разборито ги направил небесата+ — зашто неговата милост трае довека+   на оној што ја распрострел земјата над водите+ — зашто неговата милост трае довека+   на оној што направил големи извори на светлина+ — зашто неговата милост трае довека+   сонцето да владее дење+ — зашто неговата милост трае довека+   месечината и ѕвездите да владеат заедно ноќе+ — зашто неговата милост трае довека+ 10  на оној што ги уби Египќаните, нивните првородени+ — зашто неговата милост трае довека+ 11  и го изведе Израел од нивната средина+ — зашто неговата милост трае довека+ 12  со моќна рака и со подигната мишка+ — зашто неговата милост трае довека — 13  на оној што го раздвои Црвеното Море+ — зашто неговата милост трае довека+ 14  и го преведе Израел низ него+ — зашто неговата милост трае довека+ 15  ги фрли фараонот и војската негова во Црвеното Море+ — зашто неговата милост трае довека+ 16  на оној што го водеше народот свој низ пустината+ — зашто неговата милост трае довека+ 17  на оној што порази големи цареви+ — зашто неговата милост трае довека+ 18  и уби славни цареви+ — зашто неговата милост трае довека+ 19  Сихон, аморејскиот цар+ — зашто неговата милост трае довека+ 20  и Ог, васанскиот цар+ — зашто неговата милост трае довека+ 21  и ја даде нивната земја во наследство+ — зашто неговата милост трае довека+ 22  во наследство на Израел, својот слуга+ — зашто неговата милост трае довека+ 23  и се сети на нас во нашето понижување+ — зашто неговата милост трае довека+ 24  на оној што многупати нѐ избавуваше од нашите противници+ — зашто неговата милост трае довека+ 25  на оној што му дава храна на секое создание+ — зашто неговата милост трае довека+ 26  благодарете му на небесниот Бог+ — зашто неговата милост трае довека!+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Во врска со изразот „милост“ во овој псалм, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.