Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 135:1-21

135  Фалете го Јах!+ Фалете го името Јеховино,+ Фалете го Јехова, слуги негови,+   кои стоите во домот Јеховин,+ во дворовите на домот на нашиот Бог!+   Фалете го Јах, зашто Јехова е добар!+ Со песна фалете го неговото име, зашто тоа е прекрасно!+   Зашто, Јах го избра Јаков за себе,+ Израел за своја најмила сопственост.+   Знам дека Јехова е велик,+ нашиот Господар е над сите други богови.+   Сѐ што сакаше Јехова да направи, направи+ на небото и на земјата, во морињата и во сите водни бездни.+   Ја подига пареата од крајот на земјата,+ му прави сливници на дождот,+ го изведува ветрот од своите складишта.+   Ги погуби првородените во Египет,+ и луѓето и животните.+   Направи знаци и чуда среде тебе, Египете,+ врз фараонот и врз сите слуги негови.+ 10  Погуби многу народи+ и уби моќни цареви:+ 11  Сихон, аморејскиот цар,+ и Ог, васанскиот цар,+ и сите ханаански царства.+ 12  И нивната земја му ја даде во наследство,+ во наследство на Израел, народот свој.+ 13  Јехова, името твое останува довека.+ Јехова, споменот за тебе останува од поколение во поколение.+ 14  Зашто, Јехова ќе ја води парницата на својот народ+ и ќе се сожали на своите слуги.+ 15  Идолите на другите народи се сребро и злато,+ дело на рацете на земен човек.+ 16  Уста имаат, но не зборуваат,+ очи имаат, но не гледаат,+ 17  уши имаат, но не слушаат.+ И нема здив* во устата нивна.+ 18  Како нив ќе станат оние што ги прават,+ сите што се надеваат на нив.+ 19  Доме Израелов, благословувај го Јехова!+ Доме Аронов, благословувај го Јехова!+ 20  Доме Левиев, благословувај го Јехова!+ Вие што се боите од Јехова, благословувајте го Јехова!+ 21  Нека е благословен од Сион Јехова,+ кој живее во Ерусалим!+ Фалете го Јах!+

Фусноти

Буквално: „дух“.