Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 132:1-18

Песна за искачување. 132  Сети се, Јехова, на Давид+ и на сите негови понижувања+   како му се заколна на Јехова,+ како тој му се заветува на Јакововиот+ Силен Бог:+   „Нема да влезам во шаторот на својот дом.+ Нема да легнам на леглото на својата раскошна постела,+   нема да им дадам сон на очите,+ ниту дремка на веѓите,+   додека не најдам место за Јехова,+ величествено живеалиште за Јакововиот Силен Бог“.+   Еве, во Ефрата чувме за него,+ го најдовме во шумовитиот крај.+   Да влеземе во неговото величествено живеалиште,+ да се поклониме крај подножјето на неговите нозе.+   Стани, Јехова, и појди кон своето почивалиште,+ ти и ковчегот+ на твојата сила!+   Твоите свештеници нека се облечат во праведност,+ твоите лојални слуги нека воскликнуваат радосно.+ 10  Поради Давид, твојот слуга,+ немој да го отфрлиш лицето на својот помазаник!+ 11  Јехова му се заколна на Давид+ со заклетва која сигурно нема да ја повлече:+ „Потомок од твојата утроба+ ќе поставам на твојот престол.+ 12  Ако твоите синови се држат за мојот сојуз+ и за моите опомени* за кои ќе ги учам,+ нивните синови ќе седат засекогаш+ на твојот престол“.+ 13  Зашто, Јехова го избра Сион,+ горливо го посака за свое живеалиште:+ 14  „Ова е моето почивалиште засекогаш,+ овде ќе живеам, зашто копнеам по него.+ 15  Неговата храна навистина ќе ја благословам.+ Неговите сиромаси ќе ги наситам со леб.+ 16  Неговите свештеници ќе ги облечам во спасение,+ неговите лојални слуги ќе воскликнуваат радосно. 17  Таму ќе направам да порасне рогот на Давид.+ Ќе подготвам светилка за својот помазаник.+ 18  Неговите непријатели ќе ги облечам во срам,+ а на него ќе цути+ неговата круна“.*+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Или: „дијадема“.