Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 12:1-8

На управителот, на пониската октава.+ Давидова песна. 12  Спаси ме,+ Јехова, зашто лојални луѓе повеќе нема,+ меѓу синовите човечки ги снема оние што се верни.   Еден на друг си кажуваат невистини,+ зборуваат со ласкави усни+ и со дволично* срце.+   Јехова ќе ги истреби сите ласкави усни, јазикот што зборува вообразено,+   оние што велат: „Со својот јазик ќе се возвишиме.+ Со своите усни зборуваме што сакаме. Кој ќе господари над нас?“   „Злите ги ограбуваат страдалниците, воздивнуваат сиромасите+ затоа сега ќе станам“, вели Јехова.+ „Ќе ги избавам од оние што ги презираат.“+   Зборовите на Јехова се чисти зборови,+ како сребро пречистено во топилничка печка во земја, седумпати очистено.   Ти, Јехова, ќе ги чуваш,+ секого од нив довека ќе го заштитуваш од ова поколение.   Злите се на сите страни, зашто злобата се велича меѓу синовите човечки.+

Фусноти

Или: „двојно“. Буквално: „со срце и со срце“.