Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 119:1-176

א [алеф]* 119  Среќни се оние што се непорочни* на својот пат,+ оние што живеат* според Јеховиниот закон.+   Среќни се оние што ги држат неговите опомени.*+ Тие го бараат со сето срце+   и никако не вршат неправда,+ туку одат по неговите патишта.+   Ти ни заповеда внимателно да ги извршуваме + твоите наредби.+   О, кога би биле постојани моите патишта+ за да се држам за твоите уредби!+   Тогаш не би се посрамил,+ зашто би внимавал на сите твои заповеди.+   Ќе те фалам во чесноста на моето срце+ кога ќе ги научам твоите праведни закони.+   Ќе се држам за твоите уредби.+ Немој да ме оставиш сосема напуштен!+ ב [бет]   Како младиот човек+ ќе го зачува чист својот пат?* Ако внимава на себе според твојата реч.+  10  Со сето свое срце те барам тебе.+ Не дозволувај да скршнам од твоите заповеди.+  11  Ја ставив твојата реч во своето срце+ за да не ти згрешам.+  12  Благословен си ти, Јехова. Научи ме за своите уредби!+  13  Со своите усни ги објавувам+ сите закони од твојата уста.+  14  Му се радувам на патот на твоите опомени,+ како и на сѐ друго што е вредно.+  15  Ќе размислувам за твоите наредби+ и ќе внимавам на твоите патишта.+  16  Ќе покажам дека ги сакам твоите одредби.+ Нема да ја заборавам твојата реч.+ ג [гимел]  17  Направи ми добро мене, твојот слуга, за да живеам+ и да се држам за твоите зборови.+  18  Отвори ми ги очите за да ги видам+ убавините на твојот закон.+  19  Јас сум само дојденец во земјата.+ Немој да ги скриеш своите заповеди од мене.+  20  Душата моја премале од копнеж+ по твоите закони во секое време.+  21  Ти ги прекори проклетите горделивци,+ кои отстапуваат од твоите заповеди.+  22  Симни ги од мене срамот и презирот,+ зашто јас се држам за твоите опомени.+  23  Седнаа кнезовите, зборуваат меѓу себе против мене.+ А твојот слуга размислува за твоите уредби.+  24  Ги сакам твоите опомени,+ тие ми се советници.+ ד [далет]  25  Мојата душа веќе лежи во правот.+ Зачувај ме жив според својата реч.+  26  Ти кажав за своите патишта за да ми одговориш.+ Научи ме за своите уредби.+  27  Помогни ми да го разберам патот по кој ме водат твоите наредби,+ за да размислувам за твоите чудесни дела.+  28  Мојата душа нема сон од тага.+ Подигни ме според твојата реч.+  29  Отстрани го од мене кривиот пат,+ милостиво поучи ме за својот закон.+  30  Го избрав патот на верноста.+ Твоите закони ми се добри.+  31  Цврсто се држам за твоите опомени.+ О Јехова, немој да ме посрамиш!+  32  Ќе трчам по патот на твоите заповеди,+ зашто ти ми го шириш срцето за да ги собере во него.+ ה [хеј]  33  Поучи ме, о Јехова, за патот на твоите уредби,+ за да се држам за него сѐ до крајот!+  34  Помогни ми да разберам за да се држам за твојот закон,+ за да се држам за него со сето свое срце.+  35  Упати ме по патеката на твоите заповеди,+ зашто уживам да одам по неа.+  36  Приклони го моето срце кон своите опомени,+ а не кон добивка.+  37  Одврати ми ги очите од безвредни работи,+ зачувај ме жив на својот пат.+  38  Исполни му ја својата реч на твојот слуга,+ која го води кон страв од тебе.+  39  Отстрани го мојот срам, од кој се плашам,+ зашто твоите закони се добри.+  40  Еве, копнеам по твоите наредби.+ Во својата праведност зачувај ме жив!+ ו [вав]  41  И нека дојде на мене твојата милост,* Јехова,+ спасението од тебе според твојата реч,+  42  за да му одговорам на оној што ме срамоти,+ бидејќи имам доверба во твојата реч!+  43  Немој да ја одземеш речта на вистината од мојата уста,+ зашто ги чекам твоите закони.+  44  Ќе го држам секогаш твојот закон,+ довека, во сета вечност.+  45  Ќе одам низ широко место,+ зашто ги барам твоите наредби.+  46  Ќе зборувам пред царевите за твоите опомени+ и нема да се посрамам.+  47  Ќе уживам во твоите заповеди,+ кои ги сакам.+  48  Ќе ги подигнам рацете кон твоите заповеди, кои ги сакам,+ и ќе размислувам за твоите уредби.+ ז [заин]  49  Сети се на својот збор што му го кажа на твојот слуга,+ него го чекам+ според твоето ветување.  50  Ова ми е утеха во мојата неволја,+ зашто твојата реч ми го чува животот.+  51  Горделивците ме исмејуваат преку секоја мера,+ но од твојот закон не отстапувам.+  52  Јехова, се сеќавам на твоите закони од дамнина,+ и наоѓам утеха во нив.+  53  Бес ме обзеде поради злите,+ кои го оставаат твојот закон.+  54  Твоите уредби ми се како песна+ во куќата во која сум дојденец.+  55  Ноќе си спомнувам за твоето име, Јехова,+ за да го држам твојот закон.+  56  Сето ова ми се случува, зашто се држам за твоите наредби.+ ח [хет]  57  Јехова е моето наследство;+ ветив дека ќе се држам за твоите зборови.+  58  Со сето срце настојувам да го смилостивам* твоето лице.+ Смилувај ми се според својата реч!+  59  Размислувам за своите патишта+ за да ги насочам нозете назад кон твоите опомени.+  60  Побрзав и не се колебав+ да се држам за твоите заповеди.+  61  Јажињата на злите ме обвија.+ Јас не го заборавив твојот закон.+  62  На полноќ станувам да ти благодарам+ за твоите праведни закони.+  63  Другар сум им на сите што се бојат од тебе+ и на оние што се држат за твоите наредби.+  64  Твојата милост, Јехова, ја исполни земјата.+ Научи ме за своите уредби!+ ט [тет]  65  Ти му направи добро на својот слуга,+ о Јехова, според својата реч.+  66  Научи ме на добрина+ и на разумност,+ и дај ми знаење,+ зашто верувам во твоите заповеди.+  67  Пред да западнам во неволја, грешев несакајќи,+ но сега се држам за твојата реч.+  68  Ти си добар и правиш добро.+ Научи ме за своите уредби!+  69  Горделивците ме оцрнуваат со лаги.+ А јас со сето срце ќе се држам за твоите наредби.+  70  Нивното срце е бесчувствително како сало,+ а јас уживам во твојот закон.+  71  Добро ми е што сум во неволја,+ за да ги научам твоите уредби.+  72  Законот+ од твојата уста е за мое добро,+ подобар е од илјадници златници и сребреници.+ י [јуд]  73  Твоите раце ме создадоа и ме зацврстија.+ Дај ми разбирање, за да ги научам твоите заповеди.+  74  Оние што се бојат од тебе ме гледаат и се радуваат,+ зашто ја чекам твојата реч.+  75  Знам, Јехова, дека твоите закони се праведни+ и дека во својата верност ме казни.+  76  Те молам, твојата милост нека ми биде утеха,+ според зборот што му го кажа на својот слуга.+  77  Нека дојде врз мене твоето милосрдие за да останам жив,+ зашто уживам во твојот закон.+  78  Нека се посрамат горделивците, зашто ме заведуваат без причина.+ А јас размислувам за твоите наредби.+  79  Нека ми се приклонат оние што се бојат од тебе+ и ги познаваат твоите опомени.+  80  Моето срце нека ги држи беспрекорно* твоите уредби+ за да не се засрамам.+ כ [каф]  81  Душата ми гине од копнеж по твоето спасение,+ ја чекам твојата реч.+  82  Очите ми гинат од копнеж по твојата реч+ додека велам: „Кога ќе ме утешиш?“+  83  Зашто, станав како мешина+ во чад, но твоите уредби не ги заборавам.+  84  Колку дена има твојот слуга?+ Кога ќе извршиш пресуда над моите прогонители?+  85  Горделивците ми ископаа јами за да паднам во нив,+ тие што не живеат според твојот закон.+  86  Сите твои заповеди се верни.+ Без причина ме прогонуваат. Помогни ми!+  87  За малку ќе ме затреа на земјата,+ но јас не ги оставив твоите наредби.+  88  Според својата милост зачувај ме жив,+ за да се држам за опомените од твојата уста!+ ל [ламед]  89  Твојата реч, о Јехова, довека+ стои на небесата.+  90  Твојата верност трае од поколение во поколение.+ Си ја зацврстил земјата, и таа стои.+  91  Според твоите закони, сето тоа стои до ден-денес,+ зашто сите тие се твои слуги.+  92  Да не уживав во твојот закон,+ ќе загинев во својата неволја.+  93  Нема да ги заборавам твоите наредби никогаш,+ зашто преку нив ми го чуваш животот.+  94  Јас сум твој. Спаси ме,+ зашто ги барам твоите наредби.+  95  Злите ме демнат за да ме убијат,+ а јас грижливо внимавам на твоите опомени.+  96  На сѐ што е совршено му ја гледам границата,+ но твојата заповед е далекосежна. מ [мем]  97  Колку го сакам твојот закон!+ Цел ден размислувам за него.+  98  Твојата заповед ме прави помудар од моите непријатели,+ зашто таа ќе биде моја довека.+  99  Стекнав поголема разборитост* отколку сите мои учители,+ зашто размислувам за твоите опомени.+ 100  Поразборит сум и од старците,+ зашто се држам за твоите наредби.+ 101  Од секој зол пат ги отстранувам своите нозе,+ за да се држам за твојата реч.+ 102  Од твоите закони не отстапив,+ зашто ти ме поучи.+ 103  Колку му се пријатни на моето непце твоите зборови! Попријатни се од медот на мојата уста!+ 104  Благодарение на твоите наредби, постапувам разборито.+ Затоа го мразам секој крив пат.+ נ [нун] 105  Твојата реч е светилка на мојата нога+ и светлина за мојата патека.+ 106  Дадов заклетва, и ќе ја исполнам+ — ќе се држам за твоите праведни закони.+ 107  Во голема неволја сум.+ Јехова, зачувај ме жив според својата реч!+ 108  Те молам, Јехова, нека ти бидат пријатни доброволните жртви од мојата уста,+ и научи ме за твоите закони!+ 109  Душата ми е постојано во опасност,*+ но твојот закон не го заборавив.+ 110  Злите ми поставија стапица,+ но од твоите наредби не отстапив.+ 111  Твоите опомени ги усвоив засекогаш,+ зашто ми се радост за срцето.+ 112  Го насочив своето срце да ги извршува твоите уредби+ довека, сѐ до крајот.+ ס [самек] 113  Ги мразам оние чие срце е поделено,+ а твојот закон го сакам.+ 114  Ти си ми скривалиште и штит.+ Твојата реч ја чекам.+ 115  Отстапете од мене, злосторници,+ за да можам да се држам за заповедите на својот Бог!+ 116  Поддржи ме според својата реч, за да останам жив,+ и поради мојата надеж не дозволувај да се посрамам!+ 117  Поддржи ме, за да бидам спасен,+ и ќе внимавам на твоите уредби непрестајно.+ 118  Ги отфрлив сите што отстапуваат од твоите уредби,+ зашто нивната препреденост е лажлива.+ 119  Како запенета згура, си ги отстранил сите зли од земјата.+ Затоа ги сакам твоите опомени.+ 120  Од страв од тебе, низ телото ми минуваат морници,+ поради твоите закони, јас се плашам.+ ע [аин] 121  Донесувам праведна пресуда и го правам она што е исправно.+ Немој да ме оставиш на оние што ме искористуваат!+ 122  Заложи се за доброто на својот слуга!+ Не дозволувај да ме искористуваат горделивците!+ 123  Очите ми венеат од копнеж по твоето спасение+ и по твојот праведен збор.+ 124  Постапи со својот слуга милостиво+ и научи ме за своите уредби.+ 125  Јас сум твој слуга.+ Помогни ми да разберам,+ за да ги запознаам твоите опомени!+ 126  Време е Јехова да направи нешто.+ А тие го кршат твојот закон.+ 127  Јас ги сакам твоите заповеди+ повеќе и од злато, повеќе и од суво злато.+ 128  Затоа велам дека сите твои наредби се исправни во сѐ.+ Секој крив пат го мразам.+ פ [пе] 129  Прекрасни се твоите опомени.+ Затоа се држи за нив мојата душа.+ 130  Откривањето на твоите зборови просветлува,+ на неискусниот му помага да разбере.+ 131  Ширум ја отворам устата и воздивнувам+ од копнеж по твоите заповеди.+ 132  Сврти се кон мене и смилувај ми се,+ држејќи се за својот закон според кој им судиш на оние што го сакаат твоето име.+ 133  Зацврсти ги моите чекори во твојата реч+ и не дозволувај со мене да завладее никакво зло!+ 134  Откупи ме од сите луѓе што ме мамат,+ а јас ќе се држам за твоите наредби!+ 135  Твоето лице нека го осветли твојот слуга;+ научи ме за своите уредби!+ 136  Потоци солзи ми течат од очите,+ зашто тие не се држат за твојот закон.+ צ [цадик] 137  Ти си праведен, Јехова,+ и твоите закони се справедливи.+ 138  Во својата праведност и во ненадминливата верност+ ти ни заповеда да ги држиме твоите опомени.+ 139  Гинам од својата ревност,+ зашто моите непријатели ги заборавија твоите зборови.+ 140  Твојата реч е многу чиста,+ и твојот слуга ја сака.+ 141  Јас сум мал и за презир.+ Твоите наредби не ги заборавив.+ 142  Твојата праведност е вечна праведност+ и твојот закон е вистина.+ 143  Мака и неволја ме снајдоа.+ Но, јас уживам во твоите заповеди.+ 144  Вечна е праведноста на твоите опомени.+ Помогни ми да разберам, за да останам жив.+ ק [куф] 145  Викам од сѐ срце.+ Услиши ме, Јехова!+ Ќе се држам за твоите уредби.+ 146  Те викам. Спаси ме!+ Ќе се држам за твоите опомени!+ 147  Станав рано, в зори,+ за да викам за помош.+ Ги чекам твоите зборови.+ 148  Моите очи ги испреваруваат ноќните стражи,+ за да размислувам за твојата реч.+ 149  Чуј го мојот глас во својата милост.+ О Јехова, според својот закон зачувај ме жив!+ 150  Се приближуваат оние што трчаат по срамотни дела.+ Се оддалечија од твојот закон.+ 151  Ти си близу, Јехова,+ и сите твои заповеди се вистина.+ 152  Одамна знам некои твои опомени,+ зашто си ги поставил да траат засекогаш.+ ר [реш] 153  Погледни ја мојава неволја и избави ме,+ зашто не сум го заборавил твојот закон.+ 154  Води ја мојата парница и реши ја во моја корист,+ според својата реч, зачувај ме жив!+ 155  Спасението е далеку од злите,+ зашто не ги бараат твоите уредби.+ 156  Големо е твоето милосрдие, Јехова.+ Според своите закони, зачувај ме жив!+ 157  Многубројни се моите прогонители и непријатели.+ Од твоите опомени не отстапувам.+ 158  Ги видов измамниците+ и ми се гади од тоа што не се држат за твојата реч.+ 159  Гледај колку ги сакам твоите наредби!+ Јехова, според својата милост, зачувај ме жив!+ 160  Целата твоја реч е вистина,+ и сите твои праведни закони се вечни.+ ש [син] или [шин] 161  Кнезовите без причина ме прогонуваат,+ но моето срце се бои од твоите зборови.+ 162  Јас ѝ се радувам на твојата реч+ како оној што ќе најде голем плен.+ 163  Ја мразам лагата+ и ми се гади од неа.+ А го сакам твојот закон.+ 164  Седумпати на ден те фалам+ поради твоите праведни закони.+ 165  Голем мир имаат оние што го сакаат твојот закон,+ за нив не постои камен за спрепнување.+ 166  Се надевам на спасението од тебе, Јехова,+ и ги извршувам твоите заповеди.+ 167  Мојата душа се држи за твоите опомени,+ многу ги сакам!+ 168  Се држам за твоите наредби и опомени,+ зашто сите мои патишта се пред тебе.+ ת [тав] 169  Мојот повик нека допре до тебе, Јехова!+ Според својата реч, помогни ми да разберам.+ 170  Мојата молба за милост нека дојде пред твоето лице.+ Според својата реч избави ме!+ 171  Од моите усни нека навира фалба,+ зашто ме учиш за своите уредби.+ 172  Мојот јазик нека ја пее твојата реч,+ зашто сите твои заповеди се праведни.+ 173  Твојата рака нека ми биде на помош,+ зашто ги одбрав твоите наредби.+ 174  Копнеам по спасението од тебе, Јехова,+ и уживам во твојот закон.+ 175  Мојата душа нека живее и нека те фали,+ и твоите закони нека ми помогнат.+ 176  Заскитав како овца изгубена.+ Побарај го својот слуга,+ зашто не ги заборавив твоите заповеди.+

Фусноти

Во изворниот текст овој псалм е напишан во азбучен акростих. Содржи 22 строфи од по 8 стиха, кои почнуваат со 22-те букви од хебрејската азбука по азбучен ред. Осумте стихови од секоја строфа започнуваат со истата буква, која заедно со својот назив е напишана пред строфата. Види ја фуснотата за Пл 1:1.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „одат“.
Зборот „опомена“ овде (и во останатите стихови на овој псалм) се користи во смисла на: „поука која се повторува, се кажува повторно; потсетување, потсетник“.
Или: „живот“.
Или: „лојална љубов“. Во врска со изразите „милост“ и „милостиво“ во стиховите 41, 64, 76, 88, 124, 149 и 159, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „омекнам“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „Душата ми е постојано на мојата дланка“.