Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Псалми 114:1-8

114  Кога Израел излезе од Египет,+ домот Јаковов — од народ што зборува неразбирливо,+   Јуда стана негово светилиште,+ Израел — негово славно царство.+   Од глетката што ја виде морето избега,+ а Јордан се сврте назад.+   Планините потскокнуваа како овни,+ ридовите — како јагниња.   О море, што ти стана, та побегна,+ и тебе, Јордане, та се сврте назад?+   Планини, зошто потскокнувавте како овни,+ а вие, ридови, како јагниња?+   Земјо, биди во тешка болка поради Господарот,+ поради Богот Јаковов,   кој ја претвора карпата во езеро,+ и кремен-карпата — во воден извор!+

Фусноти