Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 112:1-10

112  Фалете го Јах!+ א [алеф]* Среќен е човекот што се бои од Јехова+ב [бет] и вистински ужива+ во неговите заповеди.+ ג [гимел]   Неговите потомци ќе бидат моќни на земјата.+ ד [далет] Поколението на справедливите ќе биде благословено.+ ה [хеј]   Вредни работи и богатство има во неговата куќа,+ו [вав] неговата праведност останува засекогаш.+ ז [заин]   Тој засвети во темнината како светлина за справедливите.+ ח [хет] Милостив е, милосрден и праведен.+ ט [тет]   Добар е човекот кој е милостив+ и дава на заем.+ י [јуд] Своите работи ги извршува праведно.+ כ [каф]   Затоа тој нема никогаш да падне.+ ל [ламед] Праведникот ќе се памети засекогаш.+ מ [мем]   Нема да се плаши од лоши вести.+ נ [нун] Неговото срце е постојано,+ има доверба во Јехова.+ ס [самек]   Срцето му е непоколебливо,+ тој нема да се плаши,+ע [аин] и на крајот ќе ликува над своите противници.+ פ [пе]   Великодушно дели; им дава на сиромасите.+ צ [цадик] Неговата праведност останува засекогаш.+ ק [куф] Неговиот рог ќе се возвиши во слава.+ ר [реш] 10  Злобниот ќе го гледа тоа и ќе се јаде од мака.+ ש [шин] Ќе чкрта со забите и ќе се топи.+ ת [тав] Ќе пропадне желбата на злите.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.