Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 11:1-7

На управителот. Давидов псалм. 11  Јехова е моето засолниште.+ Како смеете да ѝ речете на мојата душа: „Одлетајте како птица во својата планина!+   Зашто, гледај, злите го затегнуваат лакот,+ ги запнуваат своите стрели  на тетивата за да ги погодат од мракот оние што имаат справедливи срца.+   Кога се рушат темелите на правдата,+ што да прави праведникот?“   Јехова е во својот свет храм.+ Јехова — на небото е престолот негов.+ Неговите очи набљудуваат, неговиот поглед ги испитува синовите човечки.+   Јехова го испитува и праведниот и злиот,+ а душата Негова многу го мрази оној што го сака насилството.+   Ќе им пушти на злите дожд од замки, од оган и сулфур,+ и жежок ветар, како чаша што ќе мораат да ја испијат.+   Зашто, Јехова е праведен,+ тој ги сака праведните дела.+ Справедливите ќе го гледаат неговото лице.+

Фусноти