Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 109:1-31

На управителот. Давидов псалм. Песна. 109  О Боже, тебе те фалам,+ немој да молчиш!+   Зашто, устата на злиот и устата на измамникот се отвораат против мене.+ Зборуваат за мене со измамлив јазик,+   ме опкружуваат со зборови на омраза+ и се борат против мене без причина.+   На љубовта ми возвраќаат со противење,+ а јас се молам.+   И ми враќаат зло за добро,+ омраза за мојата љубов.+   Постави го злиот над мојот непријател, и неговиот противник+ нека му стои оддесно.   Кога ќе му се суди, нека го прогласат за злобен, и неговата молитва нека биде грев.+   Неговите денови нека бидат малобројни,+ неговата надгледничка служба нека ја преземе некој друг.+   Неговите синови нека останат без татко,+ а жена му — вдовица.+ 10  Неговите синови нека скитаат наоколу,+ нека просат и нека излезат од своите опустени места за да бараат леб.+ 11  Лихварот нека му одземе со лукавство сѐ што има,+ туѓинци+ нека го разграбаат плодот на неговиот труд.+ 12  Нека нема кој да му покаже милост*+ и нека нема кој да им се смилува на неговите деца кога ќе останат без татко. 13  Нека се истреби неговото потомство.+ Нека им се избрише името во идното поколение.+ 14  Јехова нека се сети на вината на неговите татковци,+ и да не биде избришан+ гревот на неговата мајка.+ 15  Тоа нека му биде на Јехова постојано пред очи,+ и нека го избрише од земјата сеќавањето за нив;+ 16  зашто, злиот не се сети да покаже милост,+ туку го прогонуваше страдалникот, кој беше сиромав,+ и оној со тажно срце, за да го убие.+ 17  Го љубеше проклетството,+ па тоа и го снајде;+ не му се радуваше на благословот,+ па и тој отиде далеку од него;+ 18  и облече проклетство како облека.+ Затоа, тоа му влезе како вода во утробата+ и како масло во коските. 19  Тоа нека му биде како облеката што ја облекува+ и како појасот со кој е постојано опашан.+ 20  Тоа му е плата од Јехова на оној што ми се противи+ и на оние што зборуваат зло против мојата душа.+ 21  А ти си, Јехова, Севишниот+ Господар. Направи ми добро заради своето име!+ Добра е твојата милост,+ затоа спаси ме! 22  Зашто, неволјата и јадот ме притискаат+ и срцето ми е прободено.+ 23  Како сенката кога исчезнува, јас морам да заминам;+ ме истресуваат како скакулец. 24  Колената ми се тресат од постење+ и телото ми е исушено, нема масло на него.+ 25  А ним им станав за потсмев.+ Кога ќе ме видат, вртат со главата+ презирно. 26  Помогни ми, Јехова, Боже мој,+ спаси ме според милоста своја!+ 27  Нека знаат дека ова е раката твоја,+ дека ти, Јехова, си го направил ова.+ 28  Тие нека проколнуваат,+ а ти благословувај!+ Стануваат против мене, но нека се засрамат,+ а твојот слуга нека се радува.+ 29  Моите противници нека се облечат со пониженост+ и нека се наметнат со својот срам како со наметка.+ 30  Ќе го величам Јехова со својата уста,+ ќе го фалам среде мноштвата луѓе.+ 31  Зашто, тој ќе му застане оддесно на сиромавиот+ за да го спаси од оние што ѝ судат на неговата душа.

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Во врска со изразот „милост“ во стиховите 12, 16, 21 и 26, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.