Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 107:1-43

(Псалми 107 — 150) 107  Благодарете му на Јехова, зашто е добар;+ зашто неговата милост* е вечна.+   Така нека речат оние што Јехова ги избавил,+ оние што ги избавил од раката на противникот+   и ги собрал од земјите,+ од исток и од запад,+ од север и од југ.+   Скитаа низ пуст крај,+ низ пустината,+ не најдоа пат до град во кој би се населиле.+   Беа гладни и жедни,+ се истошти нивната душа во нив.+   И повикаа кон Јехова во својата неволја;+ тој ги избави од нивните маки+   и ги упати по правиот пат,+ за да дојдат во град во кој ќе се населат.+   Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+ и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+   Зашто, ја насити овенатата душа,+ со добри работи ја нахрани гладната душа.+ 10  На оние што живееја во мрак и во густа темнина,+ како затвореници во неволја и во железни окови,+ 11  зашто се бунеа+ против Божјите зборови+ и ги презираа советите од Севишниот,+ 12  тој им го покори срцето со неволја;+ се сопнаа, а немаше кој да им помогне.+ 13  И почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне во нивната неволја,+ а тој како и порано ги спаси од нивните маки.+ 14  Ги изведе од мракот и од густата темнина,+ ги раскина нивните окови.+ 15  Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+ и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+ 16  Зашто, ја разби бакарната врата+ и ги скрши железните резиња.+ 17  Оние што беа безумни, поради својот престапнички пат+ и поради своите гревови, на крајот, самите себе си нанесоа неволја.+ 18  Секое јадење ѝ се згади на нивната душа,+ дојдоа до портата на смртта.+ 19  И почнаа да го повикуваат Јехова да им помогне во нивната неволја,+ а тој како и порано ги спаси од нивните маки.+ 20  Ја испрати својата реч, и ги излекува,+ и ги избави од нивните јами.+ 21  Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+ и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+ 22  Нека принесуваат жртви благодарници+ и нека ги објавуваат неговите дела воскликнувајќи радосно.+ 23  Оние што пловат по море со бродови+ и тргуваат по големите води,+ 24  тие ги виделе делата на Јехова+ и неговите чудеса во длабочините;+ 25  како на негов збор се крева бурен ветар,+ кој ги подига морските бранови.+ 26  До небо се креваат морепловците, до дното се спуштаат. Од неволјите се растопува нивната душа.+ 27  Се занесуваат и се тетерават како пијаници,+ збунета е сета нивна мудрост.+ 28  Тогаш викаат кон Јехова во својата неволја,+ и тој ги избавува од нивните маки.+ 29  Ја смирува бурата за да настане тишина,+ па се смируваат морските бранови.+ 30  И кога тие ќе се смират, морепловците се радуваат, а тој ги води во саканото пристаниште.+ 31  Нека му благодарат на Јехова за неговата милост+ и за чудесните дела што ги направи за синовите човечки.+ 32  Нека го возвишуваат пред насобраниот народ,+ нека го фалат во советот на старците.+ 33  Тој ги претвора реките во пустина+ и водните извори во жедна земја,+ 34  плодната земја во солена пустош,+ поради злобата на оние што живеат на неа. 35  Тој ја претвора пустелијата во езеро+ и безводната земја во водни извори.+ 36  И таму ги населува гладните,+ за да подигнат град во кој ќе живеат.+ 37  Засеваат ниви и садат лозја+ за да донесат обилна летина.+ 38  И тој ги благословува, па многу се множат,+ не дозволува стоката да им биде малобројна.+ 39  Но пак се проретчени и наведнати+ од угнетување, од неволја и од тага.+ 40  Тој излева презир врз достоинствениците+ и ги пушта да скитаат низ пуст и беспатен крај.+ 41  А сиромавиот го штити од неволја+ и семејството му го намножуваш како стадо.+ 42  Справедливите гледаат и се радуваат,+ а сета неправда нека ја затвори својата уста.+ 43  Кој е мудар? Тој ќе размисли за сето ова+ и ќе набљудува внимателно што прави Јехова во својата милост.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Во врска со изразот „милост“ во стиховите 1, 8, 15, 21, 31 и 43, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.