Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 106:1-48

106  Фалете го Јах!+ Благодарете му на Јехова, зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека!+   Кој може да ги опише големите дела на Јехова,+ и да ја разгласи сета негова фалба?+   Среќни се оние што се држат за правдата,+ кои во секое време го прават она што е праведно.+   Сети се на мене, Јехова, со наклоноста што ја имаш кон својот народ.+ Погрижи се за мене и спаси ме,+   за да ја видам добротата што ја покажуваш кон своите избраници,+ за да се радувам со радоста на твојот народ,+ за да се гордеам со твоето наследство.+   Згрешивме како и нашите татковци,+ постапивме неисправно, направивме зло.+   Нашите татковци во Египет не размислуваа за твоите чудесни дела.+ Не ги памтеа бројните твои дела на голема милост,*+ туку се побунија покрај морето, крај Црвеното Море.+   А тој ги спаси заради своето име,+ за да ја покаже својата моќ.+   Му се закани на Црвеното Море, и тоа пресуши.+ Тогаш ги преведе преку водната бездна како преку пустина,+ 10  и ги спаси од раката на оние што ги мразеа,+ и ги избави од раката на непријателот.+ 11  Водите ги покрија нивните противници,+ не остана ниту еден од нив.+ 12  Тогаш му поверуваа на зборот,+ му запеаја фалби.+ 13  Но бргу ги заборавија неговите дела,+ не ги чекаа неговите совети.+ 14  Туку својата себична желба ја покажаа во пустелијата+ и го искушуваа Бог во пустината.+ 15  И тој им го даде она што го бараа,+ а потоа им пушти на нивните души тешка болест.+ 16  И почнаа да му завидуваат на Мојсеј во логорот,+ и на Арон, Јеховиниот свет човек.+ 17  Тогаш земјата се отвори и го проголта Датан+ и ја покри дружината на Авирон.+ 18  Оган пламна среде нивната дружина,+ пламен ги проголта злите.+ 19  А направија и теле на Хорив+ и ѝ се поклонуваа на леана статуа.+ 20  Така ја заменија мојата слава+ со лик на бик кој јаде трева.+ 21  Го заборавија Бог, својот Спасител,+ оној што направи големи дела во Египет,+ 22  чудесни дела во земјата на Хам,+ застрашувачки дела кај Црвеното Море.+ 23  И ќе заповедаше да бидат истребени,+ да не беше Мојсеј, неговиот избраник, кој застана* пред него и се зазеде за нив+ за да го одврати неговиот гнев и да не бидат погубени.+ 24  Потоа ја презреа посакуваната земја,+ не му веруваа на зборот.+ 25  Негодуваа во своите шатори,+ не го слушаа Јеховиниот глас.+ 26  Тогаш тој со подигната рака се заколна+ дека ќе ги погуби во пустината+ 27  и дека ќе го погуби нивното потомство меѓу народите+ и дека ќе ги расее по земјите.+ 28  А тие се приврзаа кон Ваал фегорски+ и јадеа жртви принесувани на безживотни работи.+ 29  Го навредуваа Бог со своите постапки,+ и помор се појави меѓу нив.+ 30  Но Финес стана и се вмеша,+ и поморот престана. 31  И затоа се смета за праведен во сите поколенија довека.+ 32  А предизвикаа гнев кај водите на Мерива,+ па Мојсеј го снајде неволја поради нив.+ 33  Зашто, му ја огорчија душата,* па непромислено проговори со своите усни.+ 34  И не ги истребија народите,+ како што им беше заповедал Јехова,+ 35  туку се мешаа со народите+ и се научија да постапуваат како нив.+ 36  Им служеа на нивните идоли,+ и тие им станаа замка.+ 37  Им ги жртвуваа своите синови+ и своите ќерки на демоните.+ 38  Пролеваа невина крв,+ крвта на своите синови и на своите ќерки, кои им ги жртвуваа на ханаанските идоли;+ и земјата се извалка од крвопролевање.+ 39  Се извалкаа со своите дела+ и му беа неверни на својот Бог.*+ 40  И Јехова пламна од гнев кон својот народ,+ му се згади од неговото наследство.+ 41  И им ги даваше в раце на народите+ за да владеат над нив оние што ги мразат,+ 42  за да ги угнетуваат нивните непријатели и за да ги покори нивната рака.+ 43  Многупати ги избавуваше,+ но тие се бунтуваа и му беа непослушни,+ па беа понижувани поради својот престап.+ 44  А тој погледна на нивната неволја+ кога го чу нивниот повик.+ 45  Се сети на нив заради својот сојуз+ и се сожали на нив поради многуте дела на својата голема милост.*+ 46  И направи да најдат милост кај сите што ги поробија.+ 47  Спаси нѐ, о Јехова, Боже наш,+ и собери нѐ од другите народи,+ за да му благодариме на твоето свето име,+ за да зборуваме радосно на твоја фалба!+ 48  Благословен нека е Јехова, Богот на Израел,+ од век и до век! И сиот народ нека рече: Амин!*+ Фалете го Јах!+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Буквално: „застана во пукнатината [на ѕидовите]“.
Буквално: „духот“.
Буквално: „и вршеа блуд преку своите дела“. Види го додатокот 6.
Или: „лојална љубов“.
Види ја фуснотата за Пс 41:13.