Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 105:1-45

105  Благодарете му на Јехова, повикувајте го неговото име,+ објавувајте ги меѓу народите неговите дела!+   Пејте му, фалете го со песна,+ размислувајте за сите негови чудесни дела!+   Гордејте се со неговото свето име!+ Нека се радува срцето на оние што го бараат Јехова!+   Барајте го Јехова и неговата сила!+ Постојано барајте го неговото лице!+   Сеќавајте се на чудесните дела што ги направи,+ на неговите чуда и на законите од неговата уста,+   вие, потомство на Авраам, неговиот слуга,+ синови на Јаков, негови избраници!+   Тој е Јехова, нашиот Бог.+ Неговите закони се по целата земја.+   Тој довека ќе се сеќава на својот сојуз,+ низ илјада поколенија — на речта што ја заповеда,+   на сојузот што го склучи со Авраам+ и на заклетвата што му ја даде на Исак,+ 10  која му ја постави како уредба на Јаков, како траен сојуз на Израел,+ 11  велејќи: „Тебе ќе ти ја дадам ханаанската земја,+ како дел од вашето наследство“.+ 12  Тоа беше кога сѐ уште беа малобројни,+ кога беа многу малку и кога во неа беа дојденци.+ 13  И одеа од народ до народ,+ од едно царство кај друг народ.+ 14  На ниту еден човек не му дозволи да ги измами,+ туку поради нив укоруваше цареви,+ 15  велејќи: „Не допирајте ги моите помазаници,+ не правете им зло на моите пророци!“+ 16  Повика глад на земјата;+ ги уништи сите резерви од леб.*+ 17  Пред нив испрати човек, кој беше продаден во ропство, Јосиф.+ 18  Со пранги му ги стегнаа нозете,+ во железни синџири се најде душата негова.+ 19  До времето кога се исполни изговорената реч,+ Јеховината реч го пречисти.+ 20  Царот тогаш прати по него да го ослободат,+ владетелот на народите — за да го пуштат. 21  Го постави за господар на својот дом+ и за владетел над целиот свој имот,+ 22  за да ги врзе неговите кнезови по волјата на својата душа+ и да ги учи на мудрост дури и неговите старци.+ 23  И Израел дојде во Египет,+ Јаков се насели во земјата на Хам.+ 24  А Бог го направи својот народ многу плоден,+ сѐ додека не го направи помоќен од неговите непријатели.+ 25  Го сврти нивното срце за да го замразат неговиот народ,+ за лукаво да се нафрлат на неговите слуги.+ 26  Ги испрати Мојсеј, својот слуга,+ и Арон, кого го избра.+ 27  Тие им ги покажаа неговите знаци,+ и чудата во земјата на Хам.+ 28  Ја испрати темнината и падна мрак.+ И тие не се побунија против неговите зборови.+ 29  Нивните води ги претвори во крв+ и ги помори рибите во нив.+ 30  Нивната земја вриеше од жаби,+ како и одаите на нивните цареви. 31  Рече да дојдат коњски муви,+ комарци во сите нивни краишта.+ 32  Нивните дождови ги претвори во град,+ во огнен пламен по нивната земја.+ 33  И ги удри нивните лози и смокви и ги скрши дрвјата во нивните краишта.+ 34  Рече да дојдат скакулци,+ млади скакулци, безбројни.+ 35  И ги изедоа сите растенија во нивната земја,+ ги изедоа и плодовите во нивното поле. 36  Потоа тој уби сѐ што беше првородено во нивната земја,+ сите нивни првородени.+ 37  Го изведе својот народ со сребро и со злато.+ Во неговите племиња никој не се сопнуваше по патот. 38  Египет се израдува на нивното заминување, зашто го обзеде страв од нив.+ 39  А Бог го распростре облакот како завеса+ и даде оган за да свети ноќе.+ 40  Замолија, и им донесе потполошки,+ и со леб од небото ги наситуваше.+ 41  Отвори карпа, и бликнаа води,+ потекоа низ безводните краишта како река.+ 42  Зашто, се сети на светиот збор што му го даде на Авраам, својот слуга.+ 43  И го изведе својот народ со веселба,+ своите избраници со радосно воскликнување.+ 44  И им ја даде земјата на другите народи,+ ги земаа плодовите од трудот на другите народи,+ 45  за да се придржуваат кон неговите уредби+ и да ги држат неговите закони.+ Фалете го Јах!+

Фусноти

Или: „стапови на кои висат прстенести лебови“. Буквално: „лебни стапови“.