Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 104:1-35

104  Благословувај го Јехова, душо моја!+ О Јехова, Боже мој, ти си многу велик.+ Во чест и величие си се облекол,+   во светлината како со наметка си се завил,+ си ги оптегнал небесата како шаторско платно,+   своите горни одаи ги градиш од греди во водите,+ облаците ги претвораш во своја кола,+ одиш на крилјата на ветрот,+   своите ангели ги правиш духови,*+ своите слуги — оган што проголтува.+   Ја утврди земјата на нејзините темели;+ нема да се разниша довека, за сета вечност.+   Со водна бездна ја покри како со облека.+ Водите стоеја над планините.+   Од твојата закана почнаа да бегаат;+ од татнежот на твоите громови побегнаа уплашени   — планините се издигнаа,+ долините се спуштија — на местото што го утврди за нив.   Постави граница, која не смеат да ја преминат,+ за да не ја покријат пак земјата.+ 10  Ти испраќаш извори во долините,+ тие течат меѓу планините. 11  Ги напојуваат сите полски животни,+ во нив зебрите+ ја гаснат својата жед. 12  Над нив се гнездат небесните птици,+ во густите лисја се разлева нивниот глас.+ 13  Ти ги наводнуваш планините од своите горни одаи.+ Со плодовите на твоите дела се наситува земјата.+ 14  Ти правиш да никне зелена трева за стоката+ и растенија за потребите на луѓето,+ и даваш да расте храна од земјата+ 15  и вино што го весели срцето на смртниот човек,+ и даваш масло+ за да свети лицето и леб што го закрепнува срцето на смртниот човек.+ 16  Се наситуваат дрвјата Јеховини, ливанските кедри што ги посади,+ 17  на кои си прават гнезда птиците,+ а штркот си свил дом на смреките.+ 18  По високите планини+ се козите,+ карпите им се прибежиште на пештерниците.+ 19  Ја направи месечината да ги покажува времињата;+ сонцето знае каде треба да зајде.+ 20  Ти создаваш темнина и паѓа ноќ+ тогаш се движат сите шумски животни. 21  Млади лавови рикаат по пленот+ и својата храна ја бараат од Бог.+ 22  Штом сонцето ќе изгрее+ — тие се повлекуваат и легнуваат во своите скривалишта. 23  Човек оди да работи+ и ја врши својата работа до вечерта.+ 24  Колку се многубројни твоите дела, Јехова!+ Сите мудро си ги направил,+ полна е земјата со твоите творби.+ 25  А во ова море, толку големо и широко,+ се движат животни без број,+ суштества мали и големи.+ 26  Таму пловат бродови;+ го направи левијатанот*+ за да си игра во него.+ 27  Сите тие те чекаат тебе+ за да им дадеш храна навреме.+ 28  Она што им го даваш, го земаат.+ Ја отвораш раката и се наситуваат со добри дарови.+ 29  Ако го свртиш своето лице, се збунуваат.+ Ако им го одземеш духот,* умираат+ и се враќаат во својот прав.+ 30  Ако го испратиш својот дух, се создаваат;+ ти го обновуваш лицето на земјата. 31  Славата на Јехова ќе трае довека.+ Ќе се радува Јехова на своите дела.+ 32  Тој ја погледнува земјата, и таа се тресе,+ ги допира планините, и тие чадат.+ 33  Ќе му пеам на Јехова додека сум жив,+ со песна ќе го фалам својот Бог сѐ додека постојам.+ 34  Нека му бидат пријатни моите мисли.+ Јас ќе му се радувам на Јехова.+ 35  Грешниците ќе бидат збришани од земјата,+ ќе нема повеќе зли.+ Благословувај го Јехова, душо моја! Фалете го Јах!*+

Фусноти

Или: „ветрови“ (хебрејски: рухот, множина). Во 3. стих е употребен хебрејскиот израз руах („ветар“), во еднина.
Види ја фуснотата за Јов 3:8.
Или: „животната сила“.
„Фалете го Јах!“ Или: „Алилуја!“ Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.