Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 103:1-22

Давидов псалм. 103  Благословувај го Јехова, душо моја!+ Сѐ што е во мене нека го благословува неговото свето име!+   Благословувај го Јехова, душо моја, и не заборавај ги сите негови дела!+   Благословувај го оној што ти ги простува сите престапи,+ кој ти ги лекува сите болести,*+   кој животот од гробна јама ти го избавува,+ и со милост* и со милосрдие те крунисува,+   кој животот со добро ти го наситува.+ Како кај орел младоста ти се обновува.+   Јехова врши праведни дела+ и им дава правда на сите што се измамени.+   На Мојсеј му ги објави своите патишта,+ на синовите на Израел — своите дела.+   Јехова е милосрден и добар,+ бавен на гнев и полн со милост.+   Нема да наоѓа грешки за сите времиња,+ ниту ќе чувствува гнев довека.+ 10  Не постапува со нас според нашите гревови+ и не ни го враќа она што го заслужуваме за нашите престапи.+ 11  Зашто, како што се небесата повисоки од земјата+ така и неговата милост ги надвишува оние што се бојат од него.+ 12  Колку што е исток далеку од запад+ толку ги оддалечува од нас нашите престапи.+ 13  Како што е таткото милосрден кон своите синови+ така Јехова е милосрден кон оние што се бојат од него.+ 14  Зашто, тој добро ја познава нашата градба,+ си спомнува дека сме прав.+ 15  Дните на смртниот човек се како дните на зелената трева;+ како цветот во полето, така цвета и тој.+ 16  Само ветар да го дувне, и веќе го нема,+ неговото место не го познава повеќе.+ 17  Но милоста на Јехова е од век до век+ над оние што се бојат од него,+ и неговата праведност е над синовите на нивните синови,+ 18  над оние што го држат неговиот сојуз+ и ги паметат неговите наредби за да ги извршуваат.+ 19  Јехова го зацврсти својот престол на небесата+ и неговата царска власт се протега над сѐ.+ 20  Благословувајте го Јехова, ангели+ негови, моќни во силата, кои ја извршувате неговата реч+ и ги слушате неговите заповеди!+ 21  Благословувајте го Јехова, сите војски негови,+ слуги негови, кои ја вршите неговата волја!+ 22  Благословувајте го Јехова, сите дела негови,+ на сите места каде што владее!+ Благословувај го Јехова, душо моја!+

Фусноти

Или: „страдања“.
Или: „лојална љубов“. Во врска со изразот „милост“ во стиховите 4, 8, 11 и 17, види ја фуснотата за 1Мо 19:19.