Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 101:1-8

Давидов псалм. Песна. 101  За милоста* и за правдата ќе пеам.+ Тебе, Јехова, со песна ќе те фалам.+   Ќе постапувам разборито и ќе живеам непорочно.*+ Кога ќе дојдеш кај мене?+ Со чисто срце ќе одам во својот дом.+   Пред своите очи нема да ставам ништо зло.+ Ги мразам делата на оние што отпаѓаат од правиот пат;+ тие нема да ми се приближат.+   Расипаното срце е далеку од мене;+ и не сакам да знам за никакво зло.+   Оној што го клевети ближниот свој потајно,+ ќе го замолкнам.+ Оној што има вообразени очи и дрско срце,+ не можам да го поднесам.+   Моите очи се насочени кон верните на земјата+ за да живеат со мене.+ Кој живее* непорочно,+ тој ќе ми служи.+   Во мојот дом нема да живее никој што се служи со измама.+ Оној што кажува лаги, нема да опстане+ пред моите очи.+   Секое утро ќе ги сотирам* сите зли на земјата+ за да ги истребам од Јеховиниот град+ сите што прават зло.+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
За значењето на меѓусебно сродните хебрејски изрази, кои во овој стих се преведени со изразите „непорочно“ и „чисто“, види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „оди“.
Буквално: „замолчувам“.