Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 1:1-6

1  Среќен+ е човекот што не постапува* според советот на злите,+ не стои на патот на грешниците+ и не седи во друштвото на потсмевачите,+   туку ужива во законот на Јехова+ и внимателно го чита* неговиот закон дење и ноќе.+   Тој е како дрво посадено крај води што течат,+ кое својот плод го донесува во свое време+ и на кое лисјето не му венеат,+ и во сѐ што прави, ќе биде успешен.+   Злите не се такви, туку се како плева која ветрот ја разнесува.+   Затоа злите нема да се одржат на судот,+ ниту грешниците во заедницата на праведниците.+   Зашто, Јехова го познава патот на праведните,+ а патот на злите ќе пропадне.+

Фусноти

Буквално: „оди“.
Или: „чита со придушен глас; длабоко размислува за“.