Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 9:1-18

9  Сето тоа го зедов присрце за да го разјаснам+ — и праведните и мудрите и сите нивни дела се во рацете на вистинскиот Бог.+ Човекот не е свесен ни за љубовта ни за омразата што била пред него.+  На сите им се случува истото во сѐ.+ Крајот е ист+ за праведниот+ и за злиот,+ за добриот и чистиот и за нечистиот, за оној што дава жртва и за оној што не дава. Оној што е добар е ист како и грешникот.+ Оној што лесно се заколнува е ист како и оној што се плаши од заклетва.+  Во сѐ што се прави под сонцето, жалосно е ова: поради тоа што крајот им е ист на сите,+ срцето на синовите човечки е полно со зло;+ и лудост+ има во срцето нивно додека се живи, а потоа — заминуваат кај мртвите.+  Зашто, за оној што е меѓу живите има надеж, бидејќи на живиот пес+ му е подобро отколку на мртвиот лав.+  Живите се свесни дека ќе умрат,+ а мртвите не се свесни за ништо,+ и за нив повеќе нема плата, зашто споменот за нив е заборавен.+  И љубовта нивна, и омразата нивна, и љубомората нивна ја снема,+ и никогаш повеќе нема да имаат дел во ништо што ќе се прави под сонцето.+  Ајде јади го својот леб со радост и пиј го своето вино со весело срце,+ зашто на вистинскиот Бог веќе му се допаднаа твоите дела.+  Секогаш носи бела облека+ и масло нека не снема на главата твоја.+  Уживај во животот со жената што ја сакаш,+ во сите денови на својот суетен живот што ти го дал Бог под сонцето, во сите денови на својата суетност, зашто тоа ти е награда во животот+ и во трудот твој со кој се трудиш под сонцето. 10  Сѐ што ќе ти дојде до рака да правиш, прави го со сета своја сила,+ зашто нема ни работа, ни размислување, ни знаење,+ ни мудрост+ во гробот*+ во кој одиш.+ 11  И видов под сонцето дека трката не ја добиваат брзите,+ ни битката силните,+ ниту лебот го имаат мудрите,+ ни богатството разборитите,+ ниту се во милост оние што имаат знаење;+ зашто, времето и непредвидените настани го снаоѓаат секого од нив.+ 12  Зашто, човекот+ не знае кога ќе му дојде часот.+ Како рибите уловени во погубна мрежа+ и како птиците фатени во стапица,+ така и синовите човечки се фаќаат во замка во време на неволја,+ кога ќе ги снајде ненадејно.+ 13  Ја видов и оваа мудрост под сонцето, и ми се стори голема: 14  си беше еден мал град и во него имаше малку луѓе; против него дојде голем цар, го опколи и околу него подигна големи опсадни бедеми.+ 15  Но во него се најде човек сиромав, ама мудар, и го спаси градот со својата мудрост.+ Но никој потоа не се сеќаваше на тој сиромав.+ 16  Тогаш реков: „Мудроста е подобра од силата,+ но мудроста на сиромавиот се презира и неговите зборови не се слушаат“.+ 17  Тивките зборови на мудрите луѓе се слушаат+ повеќе отколку викањето на оној што владее меѓу безумници.+ 18  Мудроста е подобра од воена опрема, а еден грешник може да упропасти многу добра.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.