Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 8:1-17

8  Кој е како мудриот?+ И кој знае да ги толкува работите?+ Мудроста прави човек да има озарено лице и ја ублажува строгоста на неговото лице.+  Јас велам: „Извршувај ја наредбата на царот,+ и тоа поради заклетвата пред Бог.+  Не брзај да заминеш од пред него.+ Не вплеткувај се во зло.+ Зашто, што и да сака, тој ќе го направи тоа,+  бидејќи царскиот збор е најсилен,+ и кој смее да му рече: ‚Што правиш?‘ “  Кој ја извршува заповедта, нема да доживее неволја,+ и мудрото срце ќе ги знае и времето и судот.+  Зашто, постои време и суд за сѐ,+ бидејќи и без тоа многу неволји ги погодуваат луѓето.+  А никој не знае што ќе биде,+ и кој може да му каже како ќе биде?  Човекот нема власт над својот дух, да го запре својот дух,+ нема власт во денот на смртта.+ Никој не е поштеден во таа војна.+ А злото нема да ги избави оние што се вплеткуваат во него.+  Сето тоа го видов, и го насочив срцето кон сето она што се прави под сонцето — човек владее над човек на негова штета.+ 10  Но видов и како ги закопуваат злите,+ како доаѓаат на светото место и како заминуваат од него,+ и како ги забораваат во градот во кој така постапувале.+ И тоа е суета. 11  Бидејќи пресудата за зло дело не се извршува брзо,+ срцето на синовите човечки решително прави зло.+ 12  Грешникот може сто пати да направи зло,+ и долго да живее, правејќи што сака, но јас сепак знам дека ќе им биде добро на оние што се бојат од вистинскиот Бог,+ затоа што се бојат од него.+ 13  Но на злиот нема да му биде добро+ и нема да ги продолжи деновите свои, кои се како сенка,+ зашто не се бои од Бог.+ 14  Ова е суетата која се случува на земјата: има праведници на кои им се случуваат работи како да прават зло,+ а има зли на кои им се случуваат работи како да постапуваат праведно.+ Затоа велам дека и тоа е суета. 15  А јас ја фалам веселбата,+ зашто за човекот нема ништо подобро под сонцето отколку да јаде и да пие и да се весели, и тоа да го придружува во трудот негов во сите дни на животот негов,+ кои вистинскиот Бог му ги дал под сонцето.+ 16  Затоа го насочив срцето+ за да ја запознаам мудроста и да видам сѐ што се прави на земјата,+ зашто поради тоа, нечии очи не видуваат сон, ни дење ни ноќе.+ 17  И ги набљудував сите дела на вистинскиот Бог:+ навистина човекот не може да го сфати она што се прави под сонцето.+ Колку и да се труди, човек не може да го сфати.+ Дури и да каже дека е доволно мудар за да го спознае тоа,+ сепак, не може да го сфати.+

Фусноти