Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 6:1-12

6  Има едно зло што го видов под сонцето и често го има меѓу луѓето:  на некој човек вистинскиот Бог му дава богатство и имот и чест,+ и на душата негова не ѝ недостасува ништо од она по кое копнее,+ а сепак вистинскиот Бог не му дава да го јаде тоа,+ туку го јаде некој туѓинец.+ Тоа е суета и тешка болест.  Човек и да има сто деца,+ и да живее многу години, и да се многубројни деновите на животот негов,+ ако душата негова не се насити со добра+ и нема ни гроб,+ тогаш морам да кажам дека мртвороденчето е подобро од него.+  Зашто, она што залудно се родило, залудно заминува во темнината, и името ќе му биде покриено со темнина.+  Сонцето ниту го видело ниту го запознало.+ Но помирно е од оној што проживеал многу години.+  Таквиот и да живее двапати по илјада години, ако не вкуси од добрата+ — зар не одат сите на исто место?+  Сиот труд на човекот е само за да си го наполни стомакот,+ но душата негова не може да се насити.  Зашто, во што е мудриот подобар од безумниот?+ Што има страдалникот од тоа што знае како да се однесува меѓу луѓето?  Подобро е да гледаш со очите отколку да се поведуваш по желбите на душата.+ И тоа е суета и трчање по ветар.+ 10  Што и да постои, веќе е наречено со свое име, и се знае што е човекот.+ Тој не може да се суди со оние што се помоќни од него.+ 11  Бидејќи има многу нешта што ја зголемуваат суетата,+ каква корист има од тоа човекот? 12  Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот,+ во сите дни на суетниот живот негов, кога дните му поминуваат како сенка?+ И кој ќе му каже на човекот што ќе се случи по него под сонцето?+

Фусноти