Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 12:1-14

12  Сеќавај се на својот Величествен Творец+ во деновите на младоста своја,+ пред да дојдат зли денови+ и пред да пристигнат годините за кои ќе речеш: „Не ми се мили“;+  пред да потемнат сонцето и светлината и месечината и ѕвездите,+ и пред да почнат да доаѓаат дождовните облаци;  во денот кога ќе почнат да треперат чуварите на куќата+ и кога ќе се поднаведнат јунаците+ и ќе престанат да работат мелничарките,+ зашто ги има малку, и кога ќе се помрачат оние што гледаат низ прозорците;+  кога ќе се затворат уличните врати+ и ќе стивне звукот на мелницата што меле,+ и кога човек ќе почне да станува на птичји глас и кога звуците на песната ќе станат потивки;+  кога човек ќе почне да се плаши од височина и да страхува на пат; и кога бадемот е во цвет+ и скакулецот се влече и капаровите бобинки прснуваат, зашто човекот оди во својот дом,+ во кој долго ќе остане, а тажачките веќе одат по улицата.+  Сеќавај се на него пред да се скине сребрената врвца и пред да се скрши златната чаша,+ пред да се разбие стомната на изворот и да се скрши тркалото на бунарот.*  Тогаш правот се враќа во земјата,+ каде што и бил, а духот*+ се враќа кај вистинскиот Бог,+ кој го дал.+  „Суета над суетите!“ — рече оној што го поучува* народот.+ „Сѐ е суета!“+  А оној што го поучуваше народот, освен што беше мудар,+ постојано му пренесуваше знаење на народот,+ и промислуваше и темелно истражуваше,+ па состави збирка од голем број мудри изреки.+ 10  Оној што го поучуваше народот се трудеше да пронајде пријатни зборови+ и да ги напише точните зборови на вистината.+ 11  Зборовите на мудрите се како остени,+ и оние што се занимаваат со собирање изреки се како клинци забиени.+ Таквите зборови потекнуваат од еден пастир.+ 12  А освен сето тоа, сине мој, биди претпазлив: на составувањето многу книги му нема крај, а прекумерното читање на тие книги го заморува телото.+ 13  Заклучокот на сето она што го чу е: бој се од вистинскиот Бог+ и држи ги неговите заповеди.+ Зашто, тоа е целата должност на човекот. 14  Оти вистинскиот Бог ќе донесе суд за секое дело и за сѐ што е скриено, и ќе каже дали е добро или е зло.+

Фусноти

Или: „резервоарот“.
Или: „животната сила“.
Буквално: „собира“. Види ја фуснотата за Про, наслов.