Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 11:1-10

11  Фрли го лебот свој+ на површината на водата,+ и по многу дни пак ќе го најдеш.+  Дај им по еден дел на седуммина, па дури и на осуммина,+ зашто не знаеш какво зло ќе се случи на земјата.+  Кога облаците ќе се наполнат со вода, истураат дожд на земјата.+ И ако падне дрво+ кон југ или кон север — кај што паднало, таму и останува.  Кој внимава на ветрот, никогаш не сее, и кој гледа на облаците, никогаш не жнее.+  Како што не знаеш како дејствува духот во коските на детето во утробата на трудна жена,+ така не го знаеш делото на вистинскиот Бог, кој прави сѐ.+  Наутро сеј го семето свое и до вечерта нека не ти почива раката.+ Зашто, не знаеш каде ќе имаш успех,+ овде или онде, или и едното и другото ќе биде еднакво добро.  Слатка е светлината и пријатно е за очите да гледаат сонце.+  Зашто, ако човек живее и многу години, нека се радува во сите нив.+ И нека се сети на мрачните денови,+ кои можат да бидат многубројни. Секој ден што доаѓа е суета.+  Радувај се,+ момче, во младоста своја, и нека те весели срцето во деновите на младоста, и оди по патиштата на срцето свое и по она што го гледаат очите твои.+ Но знај дека за сето тоа вистинскиот Бог ќе те изведе на суд.+ 10  Затоа, отстрани ја болката од срцето свое и оддалечи ја неволјата од телото свое,+ зашто младоста и најубавите години од животот се суета.+

Фусноти