Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Проповедник 10:1-20

10  Од мртви муви се усмрдува и се расипува мирисливото масло.+ Така и мала глупост му го расипува угледот на човек познат по мудроста и честа.+  На мудриот срцето му е на десната страна,+ а на глупавиот на левата.+  По кој пат и да оди глупавиот,+ нема разборитост,* и секому му кажува дека е глупав.+  Ако се подигне против тебе гневот* на владетелот, не напуштај го своето место,+ зашто смиреноста спречува големи гревови.+  Има едно зло што го видов под сонцето, грешка+ што ја прави оној што има власт:+  глупавите ги поставуваат на многу високи положби,+ а способните остануваат на ниски положби.  Видов слуги на коњи, и кнезови како одат пеш по земјата како слуги.+  Кој копа јама, самиот ќе падне во неа,+ и кој разурнува каменен ѕид, змија ќе го касне.+  Кој крши камење, тие ќе го повредат. Кој цепи дрва, треба да биде внимателен.+ 10  Ако отапи железна алатка и ако сечилото не ѝ биде наострено,+ човек троши повеќе сила. Значи, успехот лежи во примената на мудроста.+ 11  Ако змија касне човек затоа што не ја скротил со баење,+ тогаш не му користи тоа што го знае јазикот на скротителите. 12  Зборовите од устата на мудриот му донесуваат наклоност од другите,+ а глупавиот го проголтуваат сопствените усни.+ 13  Првите зборови од устата негова се лудост,+ а последните му се погубно безумство. 14  Глупавиот кажува многу зборови.+ Човекот не знае што ќе биде. И кој може да му каже што ќе биде по него?+ 15  Безумниците ги изморува нивниот труд,+ зашто никој од нив не знае ни како да појде во градот.+ 16  Како ли ти е тебе, земјо, кога царот твој е дете+ и кога кнезовите твои уште од утро се гостат? 17  Среќна си, земјо, кога царот твој е од благороднички род и кога кнезовите твои јадат во право време за да се поткрепат, а не за да се опијат.+ 18  Од голема мрзливост се свиткуваат гредите и од немарни раце прокапува куќата.+ 19  Лебот ги весели работниците и виното го развеселува животот,+ но парите набавуваат сѐ.+ 20  Ни во собата во која спиеш не проколнувај го царот,+ ни во самотијата на собата во која лежиш не проколнувај го богатиот,+ зашто птица небесна ќе го однесе гласот, и крилесто суштество ќе го раскаже тоа.+

Фусноти

Буквално „нема [разборито] срце“.
Буквално: „духот“.