Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Плач Еремиин 5:1-22

5  Сети се, о Јехова, што ни се случи!+ Погледни и види го срамот наш!+   Нашето наследство е предадено на странци, куќите наши на туѓинци.+   Станавме сираци без татко.+ Мајките наши се како вдовици.+   Својата вода ја пиеме за пари,+ мораме да плаќаме за своите дрва.   Гонителите ни се зад вратот.+ Премалени сме. Не ни даваат да здивнеме.+   Ја испруживме раката+ кон Египет+ и кон Асирија,+ за да се наситиме со леб.   Татковците наши згрешија.+ Нив повеќе ги нема, а ние мораме да трпиме поради нивните престапи.+   Слуги владеат со нас.+ Нема кој да нѐ избави од нивната рака.+   Лебот свој си го носиме изложувајќи ја душата своја на меч+ во пустината. 10  Кожата ни се вжари како печка од лутиот глад.+ 11  Ги обесчестија жените на Сион,+ девиците во градовите на Јуда. 12  Кнезовите ги обесија за рака.+ Ни лицата на старците не ги почитуваа.+ 13  Момчињата ги носеа мелниците,+ децата се спрепнуваа под товарот на дрвата.+ 14  Ги нема повеќе старците на портите,+ момчињата не ги свират повеќе своите песни.+ 15  Ја снема радоста во нашето срце. Нашето играње се претвори во тагување.+ 16  Падна круната од нашата глава.+ Тешко нам што згрешивме!+ 17  Затоа нашето срце боледува.+ Затоа очите ни потемнеа,+ 18  затоа што гората Сион опусте+ и лисици одат по неа.+ 19  Ти, о Јехова, ќе седиш на твојот престол довека.+ Престолот твој стои од поколение до поколение.+ 20  Зошто да нѐ заборавиш засекогаш,+ да нѐ оставаш за многу денови?+ 21  Врати нѐ,+ Јехова, кај себе, и ние спремно ќе си дојдеме! Дај ни нови денови како што беа некогаш!+ 22  Но ти навистина нѐ отфрли.+ Многу се разгневи на нас.+

Фусноти