Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Плач Еремиин 2:1-22

א [алеф]* 2  О, како Јехова во својот гнев со облаци ја покрива сионската ќерка!+ Од небото ја фрли наземи+ убавината на Израел.+ И во денот на гневот свој не се сети на подножјето на своите нозе.+ ב [бет]   Јехова ги проголта живеалиштата на Јаков, не се смилува на ниту едно од нив.+ Во својата јарост ги разурна тврдините+ на ќерката на Јуда. Ги фрли наземи,+ го оскверни царството+ и неговите кнезови.+ ג [гимел]   Во жестокоста на својот гнев го скрши секој рог на Израел.+ Својата десница ја повлече кога непријателот нападна.+ Во Јаков тој гори како распламтен оган што проголтува сѐ наоколу.+ ד [далет]  4   Го оптегна својот лак како непријател.+ Десницата+ ја испружи како противник+ и уби сѐ што им е мило на очите.+ Во шаторот+ на сионската ќерка го излеа својот бес како оган.+ ה [хеј]   Јехова стана како непријател.+ Го проголта  Израел.+ Ги проголта сите негови утврдени дворци,+ ги уништи своите тврдини.+ Во ќерката на Јуда ги умножи тагата и плачот.+ ו [вав]   Ја растури својата сеница+ како да е обична сеница во градина.+ Му става крај на празникот свој. Јехова на Сион ги фрла во заборав празникот+ и денот за одмор.* Во својата гневна осуда не се обѕира ни на цар ни на свештеник.+ ז [заин]   Јехова го отфрли својот жртвеник,+ со презир го отфрли своето светилиште.+ Ги предаде во рацете на непријателите ѕидовите на неговите утврдени дворци.+ Во домот Јеховин пуштија глас како на празничен ден.+ ח [хет]   Јехова реши да го уништи ѕидот+ на сионската ќерка. Го растегна мерното јаже.+ Неговата рака уништуваше, и тој не ја запре.+ Во тага ги зави бедемот и ѕидот.+ Заедно паднаа. ט [тет]   Портите+ нејзини в земја пропаднаа. Резињата нејзини ги уништи и ги испокрши. Царот нејзин и кнезовите нејзини сега се меѓу народите.+ Нема закон.+ Пророците нејзини повеќе не добиваат виденија од Јехова.+ י [јуд] 10  Старешините на сионската ќерка седат наземи и молчат.+ Со прав си ја посипаа главата,+ со козина се препашаа.+ Ерусалимските девојки наведнаа глава доземи.+ כ [каф] 11  Очите ми секнаа од плачење,+ утробата ми се возбуди.+ Црниот дроб ми се истури на земја+ поради пропаста на ќерката на народот мој,+ зашто децата и доенчињата се онесвестуваат по градските плоштади.+ ל [ламед] 12  На своите мајки им велат: „Каде е житото и виното?“+ додека смртно ранети се онесвестуваат по градските плоштади, додека полека умираат* на градите на своите мајки. מ [мем] 13  Што да ти наведам како пример? Со што да те споредам, ќерко ерусалимска?+ Со што да те изедначам за да те утешам, девице, ќерко сионска?+ Зашто, твојата пропаст+ е голема како море. Кој ќе те излекува?+ נ [нун] 14  Твоите пророци ти кажуваа виденија безвредни и празни,+ не го откриваа твојот престап — не спречија да отидеш во ропство+ туку ти кажуваа виденија со безвредни и измамливи објави.+ ס [самек] 15  Подбивно ти плескаат со рацете сите што поминуваат по патот.+ Зачудено свиркаат+ и вртат со главата+ поради ќерката ерусалимска, велејќи: „Тоа ли е градот за кој велеа: ‚Тој е совршенство на убавината, радост за целата земја‘?“+ פ [пе] 16  Сите твои непријатели отвораат уста против тебе.+ Зачудено свиркаат и крцкаат со забите.+ Велат: „Ќе го проголтаме.+ Еве го денот на кој се надевавме!+ Го дочекавме, го видовме!“+ ע [аин] 17  Јехова го направи она што го науми.+ Ја исполни својата реч,+ она што го заповедал уште од дамнина.+ Разурна, и немаше милост.+ На непријателот му дозволи да ликува над тебе.+ Го возвиши рогот на твоите противници.+ צ [цадик] 18  Срцето нивно вика кон Јехова,+ о ѕиду на ќерката сионска!+ Нека течат солзите како поток дење и ноќе!+ Не давај им одмор на твоите чувства, окото твое нека не престане да плаче! ק [куф] 19  Стани! Тажи ноќе, на почетокот на утринските стражи!+ Излевај го како вода срцето свое+ пред лицето+ на Јехова! Подигни ги рацете кон него+ заради душата на децата свои, кои од глад се онесвестуваат по аглите  на сите улици!+ ר [реш] 20  Погледни, о Јехова, и види+ го оној кого олку тешко го удри! Зарем жените треба да го јадат плодот на својата утроба, децата што ги родиле здрави,+ и во Јеховиното светилиште да бидат убиени свештеник и пророк?+ ש [шин] 21  Деца и старци+ лежат наземи по улиците+. Моите девојки и младичи паднаа од меч.+ Убиваше во денот на својот гнев.+ Колеше,+ немаше милост.+ ת [тав] 22  Како на празник,+ го свика народот од сите места во кои живеат како дојденци. Во денот на Јеховиниот гнев никој не побегна, никој не преживеа.+ Децата што ги родив здрави и ги одгледав, мојот непријател ги истреби.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пл 1:1.
Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Буквално: „ја излеваат својата душа“.