Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Песна над песните 8:1-14

8  О, да ми беше како брат,+ кој цицал од градите на мајка ми!+ Да те најдев надвор, ќе те бакнев,+ и никој немаше да ме презре.  Ќе те поведев со себе, ќе те доведев во куќата на мајка ми,+ која ме поучуваше. Ќе ти дадев да пиеш вино зачинето,+ свеж сок од калинки.  Левицата негова ќе ми беше под главата, а десницата негова ќе ме прегрнуваше.+  Ве заколнувам, ќерки ерусалимски! Не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.“+  „Која е онаа+ што се искачува од пустината,+ потпрена на љубениот свој?“+ „Те разбудив под јаболкницата. Таму мајка ти имаше породилни болки со тебе. Таму родителката твоја родилни болки трпеше.+  Стави ме како печат на срцето свое,+ како печат на раката своја, зашто љубовта е силна како смртта,+ а кога бара верност,+ непопустлива е како гробот.* Жарот нејзин е жар огнен, пламен што го дава Јах.*+  Многу води не можат да ја угаснат љубовта+ и реките не можат да ја однесат.+ Кога човек би го дал сето богатство од куќата своја за љубов, тоа богатство луѓето би го презирале.“  „Имаме сестричка+ која уште нема гради. Што ќе направиме со нашата сестра кога ќе стане збор за неа?“*  „Ако биде како ѕид,+ врз него ќе изградиме круниште од сребро, а ако биде како врата,+ ќе ја затвориме со кедрова штица.“ 10  „Јас сум ѕид и градите мои се како кули.+ Така во очите негови станав како онаа што нашла мир. 11  Соломон имаше лозје+ во Ваал-Хамон. Им го предаде лозјето на чуварите+ и секој мора за родот негов да донесе по илјада сребреници. 12  Моето лозје, кое ми припаѓа мене, пред мене е. Ти имаш илјада, Соломоне, а оние што го чуваат родот од лозјето се двесте.“ 13  „Ти која живееш во градините,+ другарите внимателно го слушаат гласот твој. Дај да го чујам и јас!“+ 14  „Потрчај, мил мој, и биди како газела и како еленче по мирисливите планини!“+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Ова е единственото место во Песна над песните каде што се појавува Божјето име, и тоа во скратениот облик Јах. Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.
Или: „кога ќе дојдат да ја просат“.