Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Песна над песните 5:1-16

5  „Дојдов во градината своја,+ сестро моја,+ невесто моја.+ Набрав од смирната своја+ и од мирисливите билки свои. Јадев од саќето свое и од медот свој,+ пиев од виното и од млекото свое.“ „Јадете, пријатели! Пијте и опијте се со љубов!“+  „Јас спијам, но срцето ми бдее.+ Го слушам љубениот мој како чука!“+ „Отвори ми,+ сестро моја, љубена моја, гулабице моја, ти која немаш маана!+ Зашто главата ми е полна со роса и кадриците од косата моја се полни со ноќни капки.“+  „ ,Си ја соблеков кошулата, па како да ја облечам пак? Си ги измив нозете, па како да ги извалкам?‘  Љубениот мој си ја повлече раката од отворот на вратата, а мене утробата ми затрепери.+  Станав да му отворам на љубениот мој, а од рацете ми прокапа смирна, од прстите смирната ми потече врз дупките од резето.  Му отворив на љубениот мој, но мојот љубен веќе си беше отишол, го немаше. Мојата душа излезе од мене кога тој проговори. Го барав, но не го најдов.+ Го викав, но не се одгласи.  Ме сретнаа стражарите+ што го обиколуваа градот. Ме тепаа, рани ми направија. Стражарите од ѕидиштата+ наметката ми ја зедоа.  Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски!+ Ако го најдете љубениот мој,+ кажете му дека боледувам од љубов.“+  „Во што е љубениот твој подобар од другите,+ о најубава меѓу жените?+ Во што е љубениот твој подобар од другите, па така нѐ заколнуваш?“+ 10  „Љубениот мој целиот свети и румен е, меѓу десет илјади се познава.+ 11  Главата му е злато, чисто злато. Кадриците од косата му се урмини гроздови. Како гавран му е црна косата. 12  Очите му се како гулаби крај потоци, кои се капат во езерце од млеко и седат во него. 13  Образите му се како леа со зачини,+ како кули со билки мирисливи. Усните му се кринови, од нив капе течна смирна.+ 14  Прстите му се од злато, со хризолит исполнети. Стомакот му е плоча од слонова коска, прекриена со сафири. 15  Нозете му се мермерни столбови, на подножја од чисто злато поставени. Ставата му е како Ливан, како кедрите+ — му нема рамен. 16  Непцето му е со блажина полно и целиот е привлечен.+ Таков е милиот мој, таков е љубениот мој, ќерки ерусалимски.“

Фусноти