Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Песна над песните 2:1-17

2  Јас сум само шафран+ од крајбрежната рамница,* крин+ од долината.“+  „Каков што е кринот меѓу трњето‚ таква е мојата љубена меѓу девојките.“+  „Каква што е јаболкницата+ меѓу шумските дрвја, таков е мојот љубен меѓу момците.+ По неговата сенка копнеев и под неа седнав, и плодот негов е сладок за моето непце.  Тој ме воведе во куќата каде што се пие вино+ и ја рашири над мене љубовта+ како бајрак.+  Поткрепете ме со суво грозје,+ освежете ме со јаболка, зашто сум болна од љубов.+  Левицата негова ми е под главата, а десницата негова ме прегрнува.+  Ве заколнувам,+ ќерки ерусалимски, во газелите+ и во срните+ полски, не будете ја, не побудувајте ја љубовта во мене ако самата не се разбудила.+  Го слушам мојот сакан.+ Еве го! Доаѓа,+ се качува на планините, потскокнува по ридовите.  Мојот сакан е како газела+ и како еленче. Еве го! Стои зад нашиот ѕид, гледа низ прозорците, ѕирка низ решетките.+ 10  Се одгласи мојот сакан и ми рече: ‚Стани, мила моја, убавице моја,+ и дојди!+ 11  Зашто, еве, дождливото време+ помина, дождот престана, замина. 12  Цвеќиња се појавуваат по земјата,+ дојде време да се крои лозата+ и гласот на грлицата+ се слуша во земјата наша. 13  Со зрела боја смоквата+ ги обои плодовите први,+ лозите цветаат и мирис шират. Стани, дојди, љубена моја,+ убавице моја, дојди кај мене! 14  Гулабице+ моја, која се криеш на стрмните карпи, крај стрмниот планински пат, дај да те видам,+ дај да ти го чујам гласот, зашто гласот твој е милозвучен и ликот твој е прекрасен‘. “+ 15  „Фатете ги за нас лисиците,+ лисичињата што ги уништуваат лозјата, зашто лозјата ни цутат.“+ 16  „Мојот сакан ми припаѓа мене, а јас нему.+ Тој го пасе стадото+ меѓу криновите.+ 17  Пред да задува дневниот ветрец и пред сенките да побегнат, сврти се кон мене, мил мој. Биди како газела+ и како еленче на планините што нѐ раздвојуваат.*

Фусноти

Или: „од Сарон“.
Или: „на раздвоените планини“. Точното значење не е познато.