Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Песна над песните 1:1-17

1  Соломоновата+ песна над песните:+  „Бакни ме со бакнеж на устата своја!+ Зашто, твојата љубов е подобра од вино.+  Прекрасен е мирисот на твоите масла.+ Името твое е како масло што се точи.+ Затоа те сакаат девојките.  Поведи ме со себе,+ да бегаме! Царот ме доведе во одаите свои!+  Да се радуваме и да се веселиме заедно! Да зборуваме за љубовта твоја повеќе отколку за виното.+ Со право те сакаат.+  Поцрнев, ама убава сум, о ќерки ерусалимски+ — црна сум како кидарските шатори,+ убава како шаторските платна+ на Соломон.  Не гледајте ме што сум црномурна, оти сонцето ме опали. Синовите на мајка ми ми се налутија. Ме поставија да чувам лозја, па своето лозје+ не го чував.  Кажи ми, о љубов на душата моја,+ каде е стадото што го пасеш,+ каде го водиш да почива напладне? Зошто да бидам завиена во тага меѓу стадата на другарите твои?“  „Ако не знаеш самата, о најубава меѓу жените,+ излези и појди по трагите на стадото и паси ги јарињата свои покрај овчарските шатори.“  „Би те споредил со кобилата своја впрегната во фараоновата кола,+ о љубена моја.+ 10  Прекрасни се образите твои меѓу плетенките, и вратот твој под нанижаниот ѓердан.+ 11  Ќе ти направиме златни алки+ со зрна сребрени.“ 12  „Додека царот седи на својата трпеза, мојот нард+ го шири мирисот свој.+ 13  Мојот љубен ми е како ќесенце со смирна,+ на градите+ мои тој ќе преноќева. 14  Мојот љубен ми е како грозд од кана+ во лозјата енгедски.“+ 15  „Колку си убава, о љубена моја!+ Колку си убава! Имаш очи како гулабица.“+ 16  „Колку си убав,+ љубен мој, и колку си мил! Лисјата ни се постела.+ 17  Кедрите+ се греди на нашата преубава куќа, смреките се греди на покривот наш.

Фусноти