Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 9:1-21

9  И петтиот ангел затруби.+ И видов ѕвезда+ што падна од небото на земјата, и ѝ беше даден клучот+ од бездната.+  И ја отвори бездната и од неа се крена чад+ како чад од голема печка,+ така што од чадот од бездната потемне+ сонцето, а и воздухот.  Од чадот излегоа скакулци+ на земјата и им беше дадена моќ, каква што имаат земните скорпии.+  И им беше заповедано да не им наштетат на земните растенија, ниту на кое и да било зеленило, ниту на некое дрво, туку само на луѓето кои го немаат Божјиот печат на своите чела.+  И на скакулците не им беше дадено да ги убиваат, туку да ги мачат+ пет месеци, а маката што им ја задаваа беше како маката што му ја задава на човек убодот од скорпија.+  И во тие денови луѓето ќе ја бараат смртта, но нема да ја најдат,+ и ќе сакаат да умрат, но смртта ќе бега од нив.  А скакулците изгледаа како коњи+ подготвени за битка. На главите имаа нешто како златни круни, а лицата им беа како човечки лица,+  а косата им беше како женска коса.+ Забите им беа како на лав.+  На градите имаа оклопи+ слични на железни оклопи. А звукот на нивните крилја беше како татнеж на бојни коли+ со многу коњи што јуришаат во битка.+ 10  И имаа опашки и осила како скорпии,+ а во опашките ја имаа моќта да им задаваат болка на луѓето пет месеци. 11  Над себе имаа цар, ангелот на бездната.+ На хебрејски се викаше Авадон,* а на грчки се викаше Аполион.*+ 12  Едната мака помина. Гледај, по оваа доаѓаат уште две маки.+ 13  И шестиот ангел+ затруби.+ И чув некој глас+ од роговите на златниот жртвеник+ што е пред Бог 14  како му вели на шестиот ангел, кој ја имаше трубата: „Одврзи ги четирите ангели+ кои се врзани+ на големата река Еуфрат!“+ 15  И беа одврзани четирите ангели, подготвени за одредениот час и ден и месец и година, за да убијат третина од луѓето. 16  Бројот на коњаниците во војската беше две миријади миријади* — го чув нивниот број. 17  А вака ги видов во видение коњите и оние што седеа на нив: на градите имаа оклопи црвени како пламен и сини како камен хијацинт и жолти како сулфур, а главите на коњите беа како лавји глави,+ и од устите им излегуваше оган и чад и сулфур.+ 18  Од овие три неволји изгинаа третина од луѓето — од оганот и чадот и сулфурот што излегуваа од нивните усти. 19  Зашто, моќта на овие коњи им е во устите и во опашките. Имено, опашките им се како змии+ и имаат глави со кои нанесуваат болка. 20  А останатите луѓе, кои не изгинаа од овие неволји, не се покајаа за делата на своите раце+ — не престанаа да ги почитуваат* демоните+ и идолите од злато, сребро,+ бакар, камен и дрво, кои не можат ниту да гледаат, ниту да слушаат, ниту да одат.+ 21  И не се покајаа за своите убиства,+ ниту за своите гатања,*+ ниту за својот блуд, ниту за своите кражби.

Фусноти

„Авадон“ значи „уништување“.
„Аполион“ значи „уништувач“.
200.000.000.
Или: „обожаваат“.
Или: „повикување духови“. Буквално: „за дрога“.