Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Откровение 6:1-17

6  И видов кога Јагнето+ отвори еден од седумте печати,+ и чув едно од четирите суштества+ како зборува со глас кој звучеше како гром: „Дојди!“+  И погледнав, и гледај — бел коњ+ и на него јавач+ кој имаше лак.+ И му беше дадена круна,+ па излезе победувајќи+ и тргна во конечна победа.+  Кога Јагнето го отвори вториот печат, го чув второто суштество+ како вели: „Дојди!“  И излезе друг коњ со пламена боја. На неговиот јавач му беше дадено да го одземе мирот од земјата за луѓето да се убиваат едни со други. И му беше даден голем меч.+  Кога Јагнето+ го отвори третиот печат, го чув третото суштество+ како вели: „Дојди!“ И погледнав, и гледај — црн коњ и на него јавач кој имаше терезија+ во раката.  И чув како еден глас среде+ четирите суштества+ вели: „Мера пченица за денариј*+ и три мери јачмен за денариј. А маслото и виното троши ги штедливо“.*+  Кога Јагнето го отвори четвртиот печат, го чув гласот на четвртото суштество+ како вели: „Дојди!“  И погледнав, и гледај — блед коњ и на него јавач, чие име беше Смрт, а по него одеше гробот.*+ И им беше дадена власт над четвртина од земјата, да убиваат со меч+ и со глад+ и со помор и со земни ѕверови.+  Кога Јагнето го отвори петтиот печат, во подножјето на жртвеникот+ ги видов душите*+ убиени+ поради речта Божја и поради сведочењето+ што им беше доверено. 10  И викаа на сет глас: „До кога, Севишен+ Господару, свет и вистинит,+ нема да им судиш+ и нема да им се одмаздуваш за нашата крв+ на оние што живеат на земјата?“ 11  И секому од нив му беше дадена бела долга облека+ и им беше кажано да чекаат уште малку, додека не се пополни бројот на нивните соробови и на нивните браќа, кои треба да бидат убиени+ како и тие. 12  И видов кога Јагнето го отвори шестиот печат. Се случи силен потрес и сонцето стана црно како црна козина,+ целата месечина стана како крв,+ 13  а небесните ѕвезди паднаа на земјата, како што паѓаат незрелите смокви од своето стебло кога ќе го затресе силен ветар. 14  И небото исчезна како свиток кога ќе се свитка.+ Секоја планина и секој остров се помести од своето место.+ 15  Царевите на земјата, големците, воените заповедници,* богаташите, моќниците и секој роб и секој слободен се скрија во пештерите и меѓу карпите+ во планините. 16  И им велеа на планините и на карпите: „Паднете врз нас+ и скријте нѐ од лицето на оној што седи на престолот+ и од гневот на Јагнето!+ 17  Зашто, дојде големиот ден+ на нивниот гнев,+ и кој може да опстане?“+

Фусноти

„Мера“ (грчки: хи́никс; нешто повеќе од еден литар, односно околу 700 грама) била дневната војничка порција пченица; еден „денариј“ бил еднодневна плата (види ја фуснотата за Мр 14:5).
Или: „А на маслото и на виното не наштетувај им“.
Буквално: „адот“.
Или: „крвта“.
Или: „илјаданачалниците; хилијарсите“.