Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 5:1-14

5  И во десницата на оној што седеше на престолот+ видов свиток испишан однатре и однадвор,+ запечатен+ со седум печати.  И видов еден силен ангел како објавува со силен глас: „Кој е достоен да го отвори свитокот и да ги скрши неговите печати?“  Но никој ниту на небото, ниту на земјата, ниту под земјата не можеше да го отвори свитокот и да погледне во него.  И јас силно заплакав зашто не се најде никој достоен да го отвори свитокот, ниту да погледне во него.+  Но еден од старешините ми рече: „Не плачи! Еве, победи+ лавот од Јудиното племе,+ Давидовиот+ корен.+ Тој е достоен да го отвори свитокот и неговите седум печати“.  И видов како покрај престолот+ и среде четирите суштества и среде старешините+ стои Јагне,+ кое изгледаше како да беше заклано+ и имаше седум рогови и седум очи, кои ги претставуваат седумте Божји духови+ испратени по целата земја.  И Јагнето отиде и го зеде свитокот од десната рака на оној што седеше на престолот.+  Кога Јагнето го зеде свитокот, четирите суштества и дваесет и четирите старешини+ паднаа ничкум пред него. Секој имаше харфа,+ а имаа и златни садови полни со темјан,+ кој ги претставува молитвите+ на светите.  И му пееја на Јагнето нова песна:+ „Достоен си да го земеш свитокот и да ги отвориш неговите печати, зашто беше заклан и со својата крв+ купи+ за Бог луѓе+ од секое племе и јазик и народ и народност, 10  и ги направи царство+ и свештеници+ на нашиот Бог,+ и ќе царуваат+ над земјата“. 11  И погледнав и чув глас од многу ангели, кои беа околу престолот и околу суштествата и старешините. Бројот им беше миријади миријади*+ и илјадници илјади.+ 12  И зборуваа со силен глас: „Јагнето, кое беше заклано,+ е достојно да прими моќ и богатство и мудрост и сила и чест и слава и благослов“.+ 13  И чув како секое суштество на небото и на земјата и под земјата+ и на морето — сѐ што е на нив и во нив — зборува: „На оној што седи на престолот+ и на Јагнето+ нека биде благословот и честа+ и славата+ и моќта во сета вечност!“ 14  И четирите суштества велеа: „Амин!“* — а старешините+ паднаа ничкум и му се поклонија на Бог.*+

Фусноти

Една миријада се десет илјади.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Или: „му покажаа почит на Бог; извршија чин на обожавање пред Бог“.