Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 3:1-22

3  На ангелот+ на собранието во Сард напиши му: Ова го вели оној што има седум Божји духови+ и седум ѕвезди:+ ‚Ги знам твоите дела — носиш име дека си жив, а мртов си.+  Биди буден+ и зајакни го+ остатокот, кој само што не умрел, зашто не најдов дека твоите дела се извршени пред мојот Бог.+  Затоа имај го на ум она што си го примил+ и она што си го чул. Држи се за тоа,+ и покај се.+ Зашто, ако не се разбудиш,+ ќе дојдам како крадец,+ и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.+  Но имаш во Сард неколкумина* кои не ги извалкале+ своите облеки. Тие ќе одат со мене во бели облеки,+ бидејќи се достојни.+  Така оној што ќе победи,+ ќе биде облечен во бели облеки,+ и нема да го избришам неговото име од книгата на животот,+ туку ќе го признаам неговото име пред мојот Татко+ и пред неговите ангели.+  Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘  На ангелот+ на собранието во Филаделфија напиши му: Ова го вели оној што е свет+ и вистинит,+ кој го има Давидовиот клуч,+ и кога ќе отвори, никој не може да затвори, а кога ќе затвори, никој не може да отвори:  ‚Ги знам твоите дела.+ (Еве, ја отворив пред тебе вратата+ која никој не може да ја затвори.) Знам дека имаш малку сила, но сепак ја држеше мојата реч и не се одрече од моето име.+  Еве, ќе ги доведам оние од синагогата на Сатана — кои велат дека се Евреи,+ а не се, туку лажат+ — еве, ќе ги принудам да дојдат и да ти се поклонат+ пред нозете и да сознаат дека јас те сакам. 10  Затоа што ти се држеше за она што го зборував во својата истрајност,+ и јас ќе те зачувам+ тебе во часот на искушувањето што ќе дојде на целиот свет,* за да се искушаат оние што живеат на земјата.+ 11  Доаѓам брзо.+ Држи се цврсто за она што го имаш,+ за никој да не ти ја земе наградата.*+ 12  Оној што ќе победи, ќе го направам столб+ во храмот+ на мојот Бог,+ и тој повеќе нема да излезе оттаму. И на него ќе го напишам името на својот Бог и името на градот на својот Бог, новиот Ерусалим,+ кој слегува од небото од мојот Бог. И своето ново име ќе го напишам на него.+ 13  Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘ 14  На ангелот на собранието во Лаодикија+ напиши му: Ова го вели Амин,*+ верниот+ и вистинит+ сведок,+ почетокот на Божјите дела на создавање:+ 15  ‚Ги знам твоите дела — не си ни студен ни жежок. Да си барем студен или жежок! 16  Но, бидејќи си млак, ни жежок+ ни студен,+ ќе те повратам од својата уста. 17  Зашто, велиш: „Богат сум,+ се збогатив и ништо повеќе не ми треба“, а не знаеш дека си беден и за жалење и сиромашен и слеп+ и гол. 18  Затоа те советувам да купиш од мене злато+ пречистено со оган за да се збогатиш. Купи и бели облеки за да се облечеш и да не се покаже твојата срамотна голотија.+ Купи и очна маст за да си ги намачкаш очите,+ па да прогледаш. 19  Јас ги укорувам и ги опоменувам* сите што ги сакам.+ Затоа биди ревносен и покај се!+ 20  Еве, стојам на вратата+ и чукам. Ако некој го чуе мојот глас и ја отвори вратата,+ ќе влезам кај него и ќе вечерам со него и тој со мене. 21  На оној што ќе победи,+ ќе му дадам да седне со мене на мојот престол,+ како што и јас победив и седнав+ со својот Татко на неговиот престол.+ 22  Кој има уво, нека чуе што им зборува духот+ на собранијата!‘ “+

Фусноти

Буквално: „неколку имиња“.
Буквално: „на целата населена земја“.
Буквално: „круната; венецот“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.