Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 22:1-21

22  И ми покажа река со вода на животот,+ бистра како кристал, како тече од престолот на Бог и на Јагнето+  среде главната градска улица. А од едната и од другата страна на реката имаше дрвја+ на животот кои раѓаа род дванаесет пати годишно — секој месец даваа плод.+ А лисјата на дрвјата беа за лекување на народите.+  И повеќе нема да има никакво проклетство.+ А престолот на Бог+ и на Јагнето+ ќе биде во градот, и неговите робови ќе му служат* на Бог.+  И ќе го видат неговото лице,+ и неговото име ќе им биде на челата.+  Ноќ нема да има веќе,+ и нема да им треба светлина од светилка, ниту ќе ги осветлува сончева светлина, бидејќи Јехова Бог ќе ги осветлува со светлина,+ и тие ќе царуваат во сета вечност.+  И ми рече: „Овие зборови се верни и вистинити.+ Јехова, Богот кој ги вдахна+ пророците,+ го испрати својот ангел за да им го покаже на своите робови она што наскоро ќе се случи.+  Еве, доаѓам брзо!+ Среќен е секој што ги држи зборовите на пророштвото од овој свиток“.+  Јас, Јован, го чув и го видов сето тоа. И кога го чув и го видов, паднав пред нозете на ангелот кој ми го покажуваше тоа за да му се поклонам.+  Но тој ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум само роб како и ти и твоите браќа пророци+ и како оние што ги држат зборовите на овој свиток. Поклони му се на Бог!“*+ 10  Уште ми рече: „Не запечатувај ги зборовите на пророштвото од овој свиток, бидејќи близу е времето да се исполни тоа!+ 11  Кој е неправеден, и понатаму нека врши неправда.+ Кој е валкан, и понатаму нека се валка.+ А кој е праведен,+ и понатаму нека врши правда. И кој е свет, и понатаму нека биде свет.+ 12  ‚Еве, доаѓам бргу,+ и донесувам плата,+ за да му платам секому според неговото дело.+ 13  Јас сум алфа и омега,*+ првиот и последниот,+ почетокот и завршетокот. 14  Среќни се оние што ги испрале своите долги облеки+ за да смеат да одат кај дрвјата на животот+ и да можат да влезат во градот низ неговите порти.+ 15  Надвор остануваат кучињата+ и гаталците*+ и блудниците+ и убијците и идолопоклониците и секој што ја сака лагата и се служи со неа.‘+ 16  ‚Јас, Исус, го испратив својот ангел да им го посведочи ова на собранијата. Јас сум коренот+ и потомокот Давидов,+ и сјајната утринска ѕвезда‘ “.+ 17  И духот+ и невестата+ велат: „Дојди!“ И секој што слуша, нека рече: „Дојди!“+ И секој што е жеден, нека дојде.+ Секој што сака, нека земе бесплатно од водата на животот.+ 18  „Му сведочам секому кој ги слуша зборовите на пророштвото од овој свиток: ако некој нешто додаде кон ова,+ Бог нему ќе му ги додаде неволјите+ кои се запишани во овој свиток. 19  И ако некој одземе нешто од зборовите на свитокот на ова пророштво, Бог ќе му го одземе делот од она што е запишано во овој свиток: нема да смее да јаде од дрвјата на животот,+ ниту да влезе во светиот град.+ 20  Оној што сведочи за тоа вели: ‚Да, доаѓам брзо!‘ “+ „Амин!* Дојди, Господару* Исусе!“ 21  Незаслужената доброта на Господарот Исус Христос нека биде со светите.+

Фусноти

Или: „вршат света служба“.
Или: „Обожавај го Бог!“
Види ја фуснотата за От 1:8.
Или: „оние што повикуваат духови“. Буквално: „оние што употребуваат дрога“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види го додатокот 11.