Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 2:1-29

2  На ангелот+ на собранието во Ефес+ напиши му: Ова го вели оној што ги држи седумте ѕвезди+ во својата десна рака, оној што оди меѓу седумте златни светилници:+  ‚Ги знам твоите дела,+ и твојот труд и истрајноста, и дека не можеш да поднесуваш зли луѓе, и дека ги испита+ оние што велат дека се апостоли,+ а не се, и утврди дека се лажливци.  Истраен си+ и трпеше поради моето име+ и не се умори.+  Сепак, ова го имам против тебе: ја остави својата прва љубов.+  Затоа, сети се од каде падна, покај се+ и прави ги поранешните дела. Ако не се покаеш, ќе дојдам кај тебе+ и ќе го тргнам твојот светилник+ од неговото место.  Но кај тебе ова е добро: ги мразиш+ делата на Николовата секта,+ кои и јас ги мразам.  Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата:+ На оној што ќе победи,+ ќе му дадам да јаде од дрвото на животот,+ кое е во Божјиот рај‘.  На ангелот+ на собранието во Смирна напиши му: Ова го вели тој, ‚Првиот и Последниот‘,+ кој беше мртов и оживеа:+  ‚Ја знам твојата неволја и сиромаштвото — но ти си богат!+ Ги знам и хулите на оние што се нарекуваат Евреи,+ а не се, туку се синагога на Сатана.+ 10  Не плаши се од она што ќе го претрпиш.+ Еве, Ѓаволот+ ќе фрла некои од вас во затвор за да бидете потполно искушани+ и да бидете во неволја+ десет дена. Биди верен до смрт,+ и ќе те наградам со живот.*+ 11  Кој има уво, нека чуе+ што им вели духот+ на собранијата: На оној што ќе победи,+ втората смрт нема да му наштети‘.+ 12  На ангелот на собранието во Пергам напиши му: Ова го вели оној што има остар меч со две сечила:+ 13  ‚Знам каде живееш — таму каде што е престолот на Сатана — а сепак цврсто се држиш за моето име,+ и не се одрече од својата вера во мене+ дури ни во деновите на Антипа, мојот верен сведок,+ кој беше убиен+ во вашиот град, каде што живее Сатана. 14  Сепак, имам нешто против тебе: таму имаш некои што се држат за учењето на Валаам,+ кој го поучи Валак+ да ги намами на грев Израеловите синови — да го јадат она што е жртвувано на идоли и да вршат блуд.+ 15  А ги имаш и оние што на ист начин се држат за учењето на Николовата секта.+ 16  Затоа, покај се!+ Ако не се покаеш, брзо ќе дојдам кај тебе и ќе војувам+ со нив со мечот на мојата уста.+ 17  Кој има уво, нека чуе што им вели духот на собранијата:+ На оној што ќе победи,+ ќе му дадам од скриената мана,+ и ќе му дадам бело камче, и на камчето напишано ново име,+ кое не го знае никој друг освен оној што го прима‘.+ 18  На ангелот на собранието во Тијатира+ напиши му: Ова го вели Синот Божји,+ оној кому очите му се како огнен пламен,+ а нозете како чист бакар:+ 19  ‚Ги знам твоите дела, и твојата љубов,+ верата, службата и истрајноста, и дека твоите последни дела+ се побројни од претходните.+ 20  Сепак, ова го имам против тебе: ја трпиш таа жена Језавела,+ која себеси се нарекува пророчица, ги поучува+ и ги заведува моите робови+ за да вршат блуд+ и да го јадат она што е жртвувано на идоли.+ 21  Ѝ дадов време да се покае,+ но таа не сака да се покае за својот блуд.+ 22  Еве, ќе ја фрлам болна в постела, а оние што со неа прават прељуба ќе ги фрлам во голема неволја, ако не се покаат за своите дела кои се исти како и нејзините. 23  И со помор ќе ги погубам нејзините деца, па сите собранија ќе знаат дека јас сум оној што ги испитува бубрезите* и срцата, и ќе му дадам секому од вас според неговите дела.+ 24  А вам останатите кои сте во Тијатира, на сите кои не се држат за тоа учење, на оние што не ги запознале таканаречените „длабочини на Сатана“,+ им велам: Не ви ставам никакво друго бреме,+ 25  но, додека не дојдам, цврсто држете се за она што го имате.+ 26  А на оној што ќе победи и ќе се држи за моите дела сѐ до крајот,+ нему ќе му дадам власт над народите,+ 27  како што и јас примив власт од својот Татко, па ќе управува со нив* со железна палка+ и ќе ги разбие како глинени садови,+ 28  и нему ќе му ја дадам утринската ѕвезда.+ 29  Кој има уво, нека чуе што им вели духот+ на собранијата!‘+

Фусноти

Буквално: „ќе ти ја дадам круната (венецот) на животот“.
Или: „најскриените чувства“. Види Ере 11:20; 17:10; 20:12.
Буквално: „ги пасе“.