Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 17:1-18

17  И дојде еден од седумте ангели, кои ги имаа седумте садови,+ и ми се обрати со зборовите: „Дојди, ќе ти го покажам судот над големата блудница,+ која седи на многу води,+  со која блудствуваа царевите на земјата,+ а оние што живеат на земјата се опија со виното на нејзиниот блуд“.+  И ме однесе во духот+ во пустина. И здогледав жена како седи на црвен ѕвер+ полн со богохулни имиња,+ кој имаше седум глави+ и десет рогови.  Жената беше облечена во пурпурна+ и црвена облека+ и украсена со злато, скапоцени камења и бисери.+ Во раката имаше златна чаша+ полна со гадотии+ и нечистотии од својот блуд.+  На челото ѝ беше напишано име, кое е тајна:+ „Големиот Вавилон, мајка на блудниците+ и на гадотиите земни“.+  И видов дека жената е пијана од крвта+ на светите и од крвта на Исусовите сведоци.+ Кога ја здогледав, многу се зачудив.+  А ангелот ми рече: „Зошто се чудиш? Ќе ти ја откријам тајната на жената+ и на ѕверот со седумте глави и десетте рогови,+ кој ја носи:  Ѕверот што го виде беше,+ но повеќе не е, но наскоро ќе излезе од бездната+ и ќе биде уништен. И ќе се восхитуваат оние што живеат на земјата, а чии имиња од настанувањето на светот+ не се запишани во свитокот на животот,+ кога ќе видат дека ѕверот кој беше, а потоа не беше, пак се појави.  За ова е потребно разум и мудрост:+ Седумте глави+ претставуваат седум гори+ врз кои седи жената. 10  Тие претставуваат и седум цареви: петмина паднаа,+ еден владее,+ а другиот уште не дошол,+ но кога ќе дојде, ќе остане кратко време.+ 11  А ѕверот кој беше, но повеќе не е,+ е осми цар, но потекнува од оние седуммина, и ќе биде уништен. 12  Десетте рогови што ги виде претставуваат десет цареви,+ кои уште не примиле царство, но ќе примат власт како цареви за еден час заедно со ѕверот. 13  Тие имаат иста замисла, па затоа својата моќ и власт му ја даваат на ѕверот.+ 14  Тие ќе се борат против Јагнето,+ но Јагнето ќе ги победи,+ бидејќи е Господар над господарите и Цар над царевите,+ а ќе ги победат и оние што со него се повикани и избрани и верни“.+ 15  И ми рече: „Водите што ги виде, на кои седи блудницата, претставуваат луѓе и мноштва и народи и јазици.+ 16  А десетте рогови+ што ги виде, и ѕверот+ — тие ќе ја замразат блудницата+ и ќе ја опустошат и ќе ја разголат. И ќе го изедат нејзиното месо и ќе ја изгорат со оган.+ 17  Зашто, Бог им стави во срцата да ја извршат неговата замисла,+ односно да ја извршат својата заедничка замисла, да му го предадат своето царство на ѕверот+ додека не се исполнат Божјите зборови.+ 18  А жената+ што ја виде го претставува големиот град, кој царува над земните цареви“.+

Фусноти