Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 15:1-8

15  И видов на небото еден друг знак,+ голем и чудесен: седум ангели+ со седум неволји.+ Тие се последните, зашто со нив завршува+ Божјиот гнев.+  И видов нешто како стаклено море+ измешано со оган. Покрај тоа стаклено море,+ со Божји харфи+ во рацете, стоеја оние што го победија+ ѕверот и неговиот лик+ и бројот+ на неговото име.  И ја пееја песната на Мојсеј,+ Божјиот роб, и песната на Јагнето:+ „Големи и чудесни се твоите дела,+ Јехова Боже, Семоќен!+ Праведни и сигурни се твоите патишта,+ Царе на вечноста!+  Кој нема да се плаши од тебе,+ Јехова,+ и да го слави твоето име?+ Зашто, само ти си лојален.+ Сите народи ќе дојдат и ќе се поклонат* пред тебе,+ бидејќи се покажа праведноста на твоите одредби“.+  Потоа видов како се отвори светилиштето+ во шаторот+ на сведоштвото+ на небото.  И седумте ангели+ со седумте неволји+ излегоа од светилиштето. Беа облечени во чист и сјаен лен+ и околу градите беа опашани со златни појаси.  И едно од четирите суштества+ им даде на седумте ангели седум златни садови полни со гневот на Бог,+ кој живее во сета вечност.+  Светилиштето се исполни со чад од Божјата слава+ и од моќ, и никој не можеше да влезе во светилиштето додека не завршија седумте неволји+ на седумте ангели.

Фусноти

Или: „ќе му покажат почит; ќе извршат чин на обожавање“.