Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Откровение 10:1-11

10  И видов еден друг силен ангел+ како слегува од небото, облечен во облак+ и со виножито над главата. Лицето му беше како сонце,+ а нозете+ му беа како огнени столбови.  Во раката имаше мал отворен свиток. И со десната нога застана на морето, а со левата на земјата,+  и викна со силен глас исто како кога рика лав.+ Кога викна, седум громови+ се огласија со своите гласови.  А кога проговорија седумте громови, сакав да го запишам тоа, но чув глас од небото+ како вели: „Задржи го во тајност* она што го рекоа+ седумте громови, и немој да го запишуваш!“  И ангелот што го видов како стои на морето и на земјата ја подигна својата десна рака кон небото+  и се заколна во оној што живее+ во сета вечност,+ кој го создаде небото и она што е на него, земјата+ и она што е на неа и морето и она што е во него:+ „Бог повеќе нема да чека!+  Туку во деновите кога ќе се огласи седмиот ангел,+ кога ќе дојде време да затруби,+ Божјата света тајна+ ќе се доврши, според добрата вест која Бог им ја објави на своите робови — пророците“.+  И гласот+ што го чув од небото, повторно ми се обрати и ми рече: „Оди, земи го отворениот свиток што е во раката на ангелот кој стои на морето и на земјата!“+  И отидов кај ангелот и го замолив да ми го даде малиот свиток. А тој ми рече: „Земи го и изеди го!+ Во утробата ќе ти загорчи, но во устата ќе ти биде сладок како мед“. 10  И го зедов свитокот од раката на ангелот и го изедов.+ И во устата ми беше сладок како мед,+ но кога го голтнав, ми загорчи во утробата. 11  И ми рекоа: „Пророкувај повторно за луѓе и народи и јазици и многу цареви“.+

Фусноти

Буквално: „Запечати го“.