Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 7:1-16

7  „Кога сакам да го излекувам Израел,+ се открива и престапот на Ефрем,+ а и злите дела на Самарија,+ зашто се занимаваат со измама+ и крадец влегува во куќа, а надвор напаѓа разбојничка дружина.+  И не помислуваат во своето срце+ дека јас ја помнам сета нивна злоба.+ Сега ги опколија нивните дела.+ Дојдоа пред моето лице.+  Со својата злоба го веселат царот и со своите измами ги веселат кнезовите.+  Сите тие се прељубници.+ Се распалија како што пекарот ја распалува печката, па престанува да дува во огнот откако ќе го замеси тестото и го чека да скисне.  На денот на нашиот цар, кнезовите се разболеа+ — се гневат од виното.+ Тој ја испружува раката своја кон потсмевачите.  Зашто, срцето им се распали од желба+ како да го приближиле кон печка, тоа гори во нив. Нивниот пекар спие цела ноќ, а наутро печката се разгорува како разгорен оган.+  Сите се распалени како печка и ги проголтуваат своите судии. Сите нивни цареви паднаа,+ ниту еден од нив не ме повикува мене.+  Ефрем се измеша со народите.+ Ефрем стана како погача што при печење не е превртена на другата страна.+  Туѓинци му ја проголтуваат силата,+ а тој не го сфаќа тоа.+ И неговата седа коса му ја покри главата, но тој не го сфаќа тоа. 10  Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице,+ но тие не се враќаат кај Јехова, својот Бог,+ и не го бараат поради сето тоа.+ 11  Ефрем е како лековерна гулабица,+ со неразумно срце.+ Тие го повикуваат Египет,+ одат во Асирија.+ 12  Каде и да одат, ќе ја распнам својата мрежа над нив.+ Ќе ги соборам како небесни птици.+ Ќе ги казнам како што веќе ја предупредив нивната заедница.+ 13  Тешко ним,+ зашто побегнаа од мене!+ Нека ги стигне пропаст, зашто ми згрешија! Јас сакав да ги откупам,+ а тие кажуваат лаги против мене.+ 14  И не ме повикуваа за помош со своето срце,+ иако горко плачеа на своите постели. Поради житото и виното* свое скитаа наоколу,+ се свртуваа против мене.+ 15  А јас ги укорував+ и им помагав,+ но тие смислуваа зло против мене.+ 16  И се вратија, но не кај возвишениот,*+ станаа како незатегнат лак.+ Нивните кнезови ќе паднат од меч поради навредите што ги кажуваат.+ Со тоа ќе станат за потсмев во египетската земја.“+

Фусноти

Или: „слаткото вино“.
Буквално: „не горе“, односно кај возвишениот начин на почитување на Бог.