Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 6:1-11

6  „Дојдете, да му се вратиме на Јехова,+ зашто тој нѐ растргна,+ тој и ќе нѐ излекува.+ Тој нѐ удираше, тој и ќе ни ги преврзе раните.+  Ќе нѐ оживее по два дена.+ На третиот ден ќе нѐ подигне, и ќе живееме пред него.+  Тогаш ќе го запознаеме Јехова и ќе се трудиме да го запознаеме уште подобро.+ Неговото доаѓање е сигурно како и доаѓањето на зората.+ Бог ќе ни дојде како дожд,+ како пролетен дожд што ја натопува земјата.“+  „Што да ти направам, Ефреме? Што да ти направам, Јудо,+ кога вашата добрина* е како утринските облаци и како росата која рано исчезнува?  Затоа ќе ги сечам преку своите пророци,+ ќе ги убијам со зборовите на својата уста.+ И твоите осуди ќе бидат како светлината што излегува.+  Зашто, мене ми е мила добрината,*+ а не жртвата,+ и познавањето на Бог, а не целите паленици.+  Но тие, како земски човек, го престапија сојузот.+ Таму ме изневерија.+  Галад+ е град на злосторниците, нивните траги се крвави.+  Собирот од свештеници е како разбојничка дружина+ која ги демне луѓето.+ Крај патот во Сихем+ вршат убиства зашто се сосема предадени на своите срамотни дела.+ 10  Гледам ужасни работи во домот на Израел.+ Таму е блудот на Ефрем.+ Израел се извалкал.+ 11  А тебе, Јудо, жетвата ти е одредена, кога ќе го вратам својот заробен народ.“+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојалната љубов“.