Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Осија 5:1-15

5  „Чујте го ова, свештеници!+ Внимавај, доме Израелов! Послушај, доме царев!+ Вам ви се суди, зашто станавте замка+ во Миспа и мрежа оптегната над Тавор.+  Во колеж загазија оние што отпаѓаат од правиот пат,+ а јас сите нив ги опоменував.+  Јас го познавам Ефрем,+ и Израел не е скриен од мене.+ Зашто, ти, Ефреме, со жени блудствуваш!+ Израел се извалка.+  Нивните дела не им дозволуваат да му се вратат на својот Бог,+ зашто духот на блудот+ е меѓу нив, а за Јехова не им е грижа.+  Со својата гордост Израел самиот се обвинува в лице.+ Израел и Ефрем се спрепнуваат во својот престап,+ а и Јуда се спрепнува со нив.+  Со својата ситна и крупна стока отидоа да го бараат Јехова, но не го најдоа.+ Тој се оддалечи од нив.  Го изневерија Јехова,+ зашто им станаа татковци на туѓи синови.+ Затоа, за еден месец ќе бидат проголтани заедно со својот имот.+  Затрубете во рог+ во Гаваја,+ во труба во Рама! Викнете како во војна во Вет-Авен+ — по тебе, Венијамине!+  Над тебе, Ефреме, ќе се згрозуваат луѓето во денот кога ќе бидеш казнет.+ Меѓу племињата на Израел објавив верни зборови.+ 10  Кнезовите на Јуда станаа како оние што поместуваат меѓа.+ Врз нив ќе го излеам својот гнев како вода. 11  Ефрем е угнетен, со право е згазен,+ зашто по своја волја застана покрај својот противник.+ 12  А јас му станав на Ефрем како молец+ и на домот на Јуда како гнилеж. 13  Ефрем ја виде својата болест, и Јуда — чирот свој.+ Ефрем отиде во Асирија+ и му се обрати на големиот цар.+ Но тој не можеше ниту да ве излекува+ ниту да ви го отстрани чирот со некаков лек.+ 14  Зашто, ќе му бидам на Ефрем како млад лав,+ како граблив млад лав на домот на Јуда. Јас, јас ќе ги раскинам и ќе отидам, ќе ги однесам и не ќе има кој да ги спаси.+ 15  Ќе отидам и ќе се вратам на моето место додека не платат за својата вина,+ и ќе го бараат моето лице.+ Кога ќе се најдат во неволја,+ ќе ме бараат.“+

Фусноти